mediumski-item-img-1.png

13.03.2014

Започна изборот за графички решенија против говор на омраза на Интернет

Започна изборот на графички решенија (илустрации) со кои сликовито ќе се претстават формите против говор на омраза на Интернет. Илустрациите кои се во рамките на иницијативата против говор на омраза на Интернет имаат за цел да ги маркираат овие појави, а ќе послужат за да се укаже на штетата која говорот на омраза на Интернет […]

mediumski-item-img-1.png

10.03.2014

Трета година по ред – Недела на отворено образование

Неделата на отворено образование претставува серија на настани за подигање на свеста за движењето за отворено образование. Третата годишна Недела на отворено образование се случува од 10 до 15 март, онлајн и офлајн низ целиот свет.Целта на настаните и ресурсите е да се опфатат што е можно повеќе луѓе за да се покажат можностите кои […]

mediumski-item-img-1.png

18.02.2014

Награден конкурс за графички решенија за пораки против говорoт на омраза на Интернет

Метаморфозис, фондација за Интернет и општество распишува конкурс за графички решенија (илустрации) со кои сликовито ќе се претстават формите против говор на омраза на Интернет, со цел да се маркираат како појави и да се укаже на штетата која тие ја причинуваат на целото општество, а во рамки на иницијативата против говор на омраза на […]

mediumski-item-img-1.png

10.12.2013

Веб-апликација за поддршка на Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија

По објавувањето на Декларацијата за отворени образовни ресурси во октомври годинава, Алијансата за отворени образовни ресурси ја промовира веб-апликацијата за потпишување на Декларацијата за отворени образовни ресурси која овозможува сите заинтересирани да ја изразат својата поддршка преку електронско потпишување.

mediumski-item-img-1.png

25.10.2013

Објавена Декларација за отворени образовни ресурси во Македонија

По повод светската Недела на отворен пристап 2013, Алијансата за отворени образовни ресурси објави Декларација за отворени образовни ресурси во Македонија, со која мобилизира широка поддршка за подобрување на отвореното образование. Во наредниот период следува акција за унапредување и примена на отворените образовни ресурси од страна на сите релевантни фактори од образовната и научната заедница, како и од владиниот, граѓанскиот и бизнис-секторот.

mediumski-item-img-1.png

22.10.2013

Кои е-владини услуги ги бараат македонските граѓани?

Фондацијата Метаморфозис ги повикува граѓаните на Република Македонија да го искажат своето мислење за електронските услуги од областа на е-управување (е-влада, е-владеење) кои им се потребни. Добредојдени се мислења и ставови, барања, како и досегашни искуства од користењето е-владини услуги, кои во збирна форма ќе бидат претставени пред носителите на одлуки од сите сектори со […]

mediumski-item-img-1.png

17.12.2012

Иницијатива: Интернет заедницата против онлајн говорот на омраза

Триесетина претставници на граѓански организации, медиуми, како и блогери и други активисти учествуваа на работилницата посветена на борбата против говор на омраза онлајн, која се одржа во Маврово на 14 и 15 декември во организација на Младински образовен форум – МОФ, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Центарот за нови медиуми и Реактор.

mediumski-item-img-1.png

07.02.2012

Ден на побезбеден интернет – „Откријте го дигиталниот свет заедно… безбедно!“

Денес, 7 февруари 2012 година, е Ден на побезбеден интернет. Со текот на годините Денот на побезбеден интернет постана традиционален настан во календарот за онлајн безбедност. Започнувајќи како иницијатива на проектот на ЕУ, Безбедни граници, во 2004 година, овој ден сега се обележува на 6 континенти, во повеќе од 70 земји ширум светот. Секоја година се избираат теми, од сајбернасилство до социјални мрежи, кои се во согласност новите онлајн прашања и ги рефлектираат тековните грижи.

mediumski-item-img-1.png

07.02.2011

Животот на интернет е повеќе од игра

„Животот на интернет е повеќе од игра“ е темата на настанот кој ќе се одржи утре (8.02.2011 година) со почеток во 11 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Повод е обележувањето на Денот на побезбеден интернет. Настанот ќе трае час и половина, а учество ќе земат 50тина ученици од основно училиште.

mediumski-item-img-1.png

08.06.2010

Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија

До     Претседател на Собранието на РМ          Претседател на Владата на РМ          Претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието          Сите пратеници во Собранието на РМ              Министерство за транспорт и врски на РМ Почитувани, Врз основа на експертската анализа на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации, мислењата на релевантните заинтересирани страни, особено невладините организации кои се занимаваат со заштита на човековите права, искажани во јавноста, како и на тркалезната маса „Приватноста во Македонија“ која се одржа на 4 јуни 2010 година во Скопје бараме ваквиот предлог на закон да се повлече од собраниска процедура.

mediumski-item-img-1.png

08.02.2010

Ден на побезбеден интернет 2010 во Македонија

Метаморфозис го одбележува Денот за побезбеден интернет со потсетување на основните принципи и научни резултати, јавно предавање и учество на јавни расправи.

mediumski-item-img-1.png

13.01.2009

Веб-сајтот безбедно на интернет го поддржаа над 430 членови на Фејсбук

Кон крајот на месец декември, со цел поголема промоција на веб-сајтот Безбедно на интернет, беше креирана група на Фејсбук кон која за дваесетина дена се приклучија 434 членови.  Оваа група е наменета за сите оние кои би можеле да имаат корист од информации за безбедност на децата при користење на интернет, или пак би сакале […]