CATEGORY

Германија: Анкета за всадување на чипови

Според анкетата спроведена од лоби групата BITKOM на германската ИТ индустрија, 23% од 1.000 германски испитаници би прифатиле да им биде вграден микрочип во телото, доколку од тоа имаат конкретни придобивки. Анкетата имаше за цел да ја прикаже зголемената раздвоеност меѓу реалноста и виртуелниот свет, како една од темите на Саемот на технологија CeBIT кој се одржа во Хановер од 2 до 6 март, 2010 година.Сепак, наодите од студијата се дискутабилни бидејќи репрезентативниот примерок од испитаници не само што е мал, туку е составен од специјална група (посетители на CeBIT кои во секој случај се наклонети кон информатичката технологија). Исто така, мора да се земе предвид фактот дека 77% од испитаниците во анкетата беа против таа технологија. Всушност, 72% изјавиле дека не би дозволиле всадување електроника во нивното тело „под никакви околности“. Околу 16% од испитаниците изјавиле дека би носеле вграден чип со цел побрзо да бидат спасени од службите за итна помош во случај на пожар или незгода, а 5% би сакале да имаат чип за да им биде полесен шопингот. „Ова е секако еден екстремен пример за тоа каков напредок на мрежите луѓето можат да замислат“, рече шефот на BITKOM, професор Август-Вилхелм Шир на саемот CeBIT, додавајќи дека вградувањето на чипови во луѓето ќе стане вообичаено. „Некои случувања веќе се очигледни. CD и DVD дисковите ќе исчезнат како материјални извори на информации. До крајот на следната деценија, тапетите ќе бидат заменети

Светски ден против цензурата на интернет

Репортери без граници ќе го одбележи Светскиот ден против цензурата на интернет на 12 март.  Овој настан има за цел да ги собере на едно место сите што поддржуваат единствен интернет, без ограничувања и достапен за сите. Исто така, настанот треба да привлече внимание кон фактот дека интернетот претставува двигател на слободата, преку создавањето на нови простори за размена на идеи и информации. Сепак, сè повеќе и повеќе влади, иако го знаат тоа, реагираат со обиди да го контролираат интернетот.Репортери без граници ќе го одбележи овој ден со објавување на најновиот список на „Непријатели на интернетот“. Во оваа листа се посочени земји како што се Иран, Кина, Саудиска Арабија, Виетнам и Тунис, во кои се ограничува пристапот до интернет и се малтретираат нивните нетизени.Ќе биде објавена и листа на земји кои се ставени „под надзор“ поради покажување на вознемирувачки став кон интернетот.„Репортери без граници“ ќе ја додели првата „Награда за нетизен“, со поддршка од Google, на 11 март 2010 година, во 19:00ч., во пресрет на Светскиот ден против цензурата на интернет.  Наградата ќе му биде доделена на интернет корисник, блогер или сајбер-дисидент, кој има остварено значаен придонес за одбраната на слободата на изразување на интернет.  Церемонијата на доделувањето ќе се одржи во седиштето на Google – Франција во Париз.„Репортери без граници“ дизајнираше лого кое ја симболизира одбраната на слободното изразување на интернет. На логото е претставено компјутерско глувче коешто се ослободува од своите

Белгија: „Софтверот со отворен код спречува појава на монополи и ја зголемува иновацијата“

„Софтверот со отворен код спречува монополи, помага во споделувањето на знаење и ги зголемува општествените иновации“, вели Винсент Ван Квикенборн, белгискиот министер за поедноставување на администрацијата.  Тој очекува дека јавната администрација сè повеќе ќе го применува овој вид на софтвер, делумно поради тоа што со него се намалуваат трошоците. Министерот Ван Квикенборн со неговиот говор ја отвори работилницата за слободен софтвер за јавните администрации, организирана од страна на Министерството за економија во Брисел, на12 март, 2010 г. Според министерот, софтверот со отворен код е во голема мера навлезен во јавната администрација на Белгија.  Како пример, тој го посочи слободниот софтвер којшто е достапен за користење на националната електронска лична карта. „Заедницата ни помага во развивањето на овие апликации. Целата јавна администрација треба да сфати дека споделувањето на знаењето е подобро отколку да го чуваме во тајност“.„Овој вид на софтвер е подобар за јавните администрации. Подобро е да се користат таквите отворени и научни методи отколку алатките развиени од триста софтверски инженери заклучени во една просторија“.„Тoa е сектор во кој Белгија исто така може да игра водечка улога, како што е прикажано со системот за управување со содржини Друпал, оригинално создаден од Dries Buytaert, кој го користи Белата куќа во САД.Тој ги повика сите државни службеници присутни на работилницата да станат амбасадори на софтверот со отворен код.Извор: OSOR.eu “BE: Minister: “Open source prevents monopolies, increases innovation” 17 март, 2010. Белгија: „Софтверот со отворен код

Европски ден за заштита на личните податоци

По повод Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 јануари 2010, Дирекцијата за заштита на личните податоци организира Отворен ден за граѓаните. Во просториите на ЕУ Инфо центарот ќе бидат поставени четири информативни пултови на кои ќе бидат презентирани препораки и совети за заштита на личните податоци од областа на здравство, интернет, видео надзор и правна заштита на личните податоци.

Франција планира да воведе нов данок за Google, Yahoo и Facebook

Францускиот претседател Никола Саркози држи цврста позиција во однос на регулирањето на дигиталните содржини. Google и други интернет компании би можеле да бидат оданочувани според плановите кои моментално ги разгледува француската влада. Во извештајот, подготвен од Владата, се укажува дека фирмите како што се Google, Yahoo и Facebook треба да плаќаат нов данок на своите приходи од огласи на интернет. Парите можат да се искористат за финансирање на легални алтернативи за купување на книги, филмови и музика на интернет.Но критичарите велат дека данокот ќе биде тешко да се имплементира, а Google вели дека со данокот би можела да се забави иновацијата. Претседателот Никола Саркози држи цврста позиција во однос на сè поголемата доминација на дигиталните содржини.Франција тукушто го воведе новото строго законодавство наменето за исклучување на оние кои упорно и нелегално преземаат содржини од интернет. Франција исто така се соочува со Google и неговите планови за дигитализација на светските книги, со еден проект за воспоставување на своја дигитална библиотека, финансиран од страна на владата со 700 милиони фунти. Франција исто така размислува за воведување на закон со кој на интернет корисниците би им се дало можност да ги бришат старите податоци за нив.Предлозите за данок на содржините се сè уште во почетна фаза, и има малку детали околу тоа како точно ќе функционира. Патрик Зелник, кој придонесе за извештајот и е, исто така, основач на издавачката куќа на жената на францускиот претседател, се

Најава за јавна дебата

Во склоп на проектот за изготвување на Национална стратегија за развој на информатичкото општество во РМ, на 7 март 2005 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на Пратеници ќе се одржи јавна дебата

Многу имиња за една концесија

Со информацијата дека по предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ќе донесе одлука за распишување тендер за избор на трет мобилен оператор, во јавноста почнаа да се лиферуваат имиња на потенцијални заинтересирани компании. Се споменуваат британските: “Водафон” и “Оринџ”, од кои онаа првата, која е присутна во Грција и во Албанија, ќе настапела заедно со грчката компанија “Космотелко” која неодамна ги продаде своите акции што ги имаше во Телеком на доминантниот сопственик “Матав”, потоа некоја американска компанија, но има и такви информации дека наводно концесијата ќе ја добиела фирма од Франција, која конкурирала во Косово, па дури и тоа дека сигурно ќе била германска компанија, која ќе дојде “заедно” со Тео Вајгел, од кој Владата се уште чека одговор дали прифаќа да биде нејзин советник за економски прашања.  Сепак, ваквата најава предизвика и изненадување, меѓу другото и во круговите на владејачката партија, од кои некои дури коментираа дека од тоа нема брзо да биде ништо и дека се работи за маркентишки потег, а другите пак, го поздравуваат како вистински чекор да се сопре политиката на “договорени” цени, што гарантира и големи профити на “Мобимак” и “Космофон”. Министерот за финансии Никола Поповски намерата да се донесе одлука за распишување на тендер за трет мобилен оператор ја коментира како чекор, кој сега се прави од причина што во новиот Закон за електронски комуникации, кој е во собраниска процедура, е предвидена посложена постапка.  Овој

“Космофон” сака да биде и интернет оператор

Вториот мобилен оператор една година чека министерски потписМинистерството за транспорт и врски речиси една година не одговорило на барањето на мобилниот оператор “Космофон” за концесија за интернет провајдер. Во “Космофон” велат дека барањето го доставиле лани во февруари и, иако ги исполнуваат потребните услови, од Министерството за транспорт и врски досега немаат добиено никаков одговор. “Одолговлекувањето на одговорот од Министерството за транспорт и врски зачудува бидејќи постапката и подготвувањето на докумнтацијата за добивање на дозвола за интернет провајдер е исклучително лесен процес”, велат во “Космофон” и дополнуваат дека досега од Министерството немаат добиено никаква забеешка дека доставеното барање не е исправно. Управата за телекомуникации на барањето на “Космофон” одговорила уште во текот на март минатата година, велат во Министерството. Управата го информирала Министерството дека го одобрува барањето на операторот за издавање на дозволата. Но, бидејќи тогашниот министер за транспорт не го потпишал одобрувањето, следните 10 – тина месеци Управата неколку пати испратила допис со кој го потсетувала Министерството дека дала согласност на барањето на “Космофон”. Постапката останала блокирана, а во Министерството за транспорт немаат одговор зошто се уште се чека на потпис на министерот. “Министерот во најбрз можен рок ќе одоговори на барањето на операторот за интернет провајдер”, вели Лидија Станчева, портпарол на Министерството за транспорт, и потенцира дека новиот министер за транспорт Џемаил Мехази веќе се изјаснил дека ќе го потпишел заостанатото барање, како и сите останати документи кои чекаат на потпис.Ако

EU Data protection regulation stalled again

On 6 December 2013, the EU justice ministers took again a step back in adopting the EU Data Protection Regulation.The day was considered by EU commissioner for justice, Viviane Reding as a disappointing one for data privacy. What was it this time? “The ministers did not want to make hasty decisions,” Lithuanian Justice Minister Juozas Bernatonis told reporters. The issue having caused the delay seems to be the so-called one-stop shop principle which harmonizes decision-making across the EU.Hubert Legal, head of the legal service for the European Council said the one-stop shop rule undermined citizens’ human rights. “The problem is the results you get in terms of respecting the functioning of justice and people’s rights is actually a very bad outcome a very bad result and as your legal adviser I have to tell you it’s a bad outcome.” Mr Legal believes that under the one-stop-shop system, EU citizens whose data had been mishandled by a company based in another member state would face linguistic and financial barriers discouraging them from going to court.Ms Reding reacted by claiming that talks should now be at a “political” rather than “legal” stage, drawing attention on the fact that that current data protection legislation was fragmented, inconsistent and needed to be fixed. She insisted that the commission’s own legal review provided assurance that the one-stop-shop was legal.Yet, the issue seems more complicated for some member states.