Анкетата е поставена на веб-адресата
Анкетата се состои од 18 општи прашања за веб-сајтот и можност граѓаните да се изјаснат за петте најчесто користени услуги од порталот:
- издавање патни исправи,
- издавање лична карта,
- издавање извод од матичната книга на родените,
- каде може да се поднесе барање за виза и
- стипендии за студенти.
Повратните информации од граѓаните ќе бидат употребени како појдовна основа за понатамошен развој и доработка на порталот, особено во насока на обезбедување на владините услуги и по електронски пат.
Покрај анализата на е-услугите, ИКТ компонентата од проектот содржи и подготовка на стандарди за примената на информатичко-комуникациските технологии во рамките на државните органи и служби, утврдување на потребата за обуки на државните службеници и поддршка на секторот за ИТ во Генералниот секретаријат на Владата на РМ со човечки ресурси.
Проектот е финансиран од ФИООМ, а се спроведува во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Фондацијата Метаморфозис и соодветни експерти од одделни владини тела, како Агенцијата за државни службеници, Секретаријатот за европски прашања и др.
Сподели: