Од август 2020 година, порталот Вистиномер, како независен сајт за проверка на факти, соработува со Фејсбук на разоткривање и означување на дезинформациите што се објавуваат на оваа социјална мрежа. На овој вебинар членови на редакцијата (уредници и проверувачи на факти) ќе расправаат за предизвиците со кои се сретнуваат при раскринкувањето на дезинформациите на Фејсбук, нападите врз нив и врз вработените од Фондацијата Метаморфозис (издавачот на Вистиномер), кои се појавија со почетокот на оваа соработка, но и начинот на работа и доделување на рејтинзите, дезинформациите што ги рецензираме, како и преглед и анализа на состојбата со дезинформациите во земјава.

Вебинарот ќе се одржи на 22 јуни со почеток од 15.00 часот. Едночасовниот вебинар ќе го модерира Филип Стојановски раководител на проектот КриТинк, а на темата ќе дебатираат Владимир Петревски, Мирослава Бурнс и Ана Анастасовска.

Вебинарот ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на КриТинк.

Работен јазик на вебинарот е македонски.

Проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Сподели: