Мени

ACTION SEE Ден на застапување: Отвореноста да биде политика на секоја влада

Конференцијата Point 6.0 која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина од 24 до 28 мај започна со ACTION SEE Денот на застапување и презентацијата на резултатите и препораките собрани преку истражувањето спроведено за целите на регионалниот Индекс на отвореност за 2016 година. Индексот на отвореност е алатка за мерење на отвореноста на јавните институции, направен е да опфати голем број прашања, но секогаш со внимание на нивниот ефект врз граѓаните и нивниот квалитет на живот.

Регионалниот Индекс на отвореност го мери степенот на отвореност на собранијата врз основа на четири принципи. Транспаретноста е принцип кој е исполнет доколку се јавно достапни организациските информации како и процедурите за носење буџет и јавни набавки; достапноста е принцип кој се однесува на обезбедување и почитување на процедурите поврзани со слободата на информации и зајакнување на интеракцијата со граѓаните; интегритетот вклучува механизми за спречување корупција, спроведување на практики од етичкиот кодекс и регулирање на лобирањето; и свесноста вклучува мониторинг и евалуација на политиките на институциите.

Индексот им овозможува на граѓаните да ја испитаат отвореноста на јавната администрација и другите јавни институции, но може да им послужи и на менаџерите и политичарите, пренесувајќи им го ставот на граѓаните, за да може да ја оценат својата работа и да направат чекор напред кон поголема отвореност.

Истражувањето ја следеше работата на 8 собранија од 6 земји. Генерално, собранијата во регионот исполнуваат приближно 63 проценти од критериумите за отвореност – резултати кои не можат да се наречат задоволителни. Уште еден генерален заклучок е исто така дека, собранијата не се транспарентни во смисла на објавување информации од седниците на парламентарните комисии и не успеваат да ги задоволат ниту минималните меѓународни стандарди за буџетска транспаретност. За да се подобри сево ова, препораката на мрежата е дека собранијата од регионот треба да ја потпишат Декларацијата за парламентарна отвореност и да работат на нејзино спроведување.

Почетното истражување беше спроведено во шест земји од регионот, и беа искористени повеќе од 25.000 индикатори. Мерењето ја покрива целата власт, вклучително и локалните и државните нивоа, судството, извршната и законодавната власт. point-6-0-by-vanja-cerimagic-11-600x400

Милица Ковачевиќ од ЦДТ потсети дека мрежата е создадена по години соработка на различни проекти, и со цел да се тестира нивото на таа соработка. „Индикаторите кои ги користиме се различни, но поентата е иста: ги мериме конкретните точки на владината работа.“

Генералниот заклучок на претставниците на мрежата е дека не можеме да бидеме задоволни од резултатите од истражувањето. Кај извршната власт на пример, „институциите задоволуваат помалку од половина од индикаторите,“ изјави Милица.

Сепак, главните заклучоци од истражувањето поврзани со извршната власт се дека нема стратегија за отвореност во ниедна од државите од регионот, па недостасува обединет пристап и постојат големи разлики во отвореноста на институциите во секоја земја. Истражувањето покажа дека многу работи се прават ад хок, и дека отвореноста, во пракса, најмногу зависи од менаџментот на секоја институција посебно, што значи дека нема одржлива гаранција дека постигнатите резултати ќе останат, или ќе се надоградуваат.

Друг важен заклучок е дека на сите влади од регионот им недостасува процесот на координирање, планирање владини политики и оценување на нивните влијанија врз животите на луѓето. „Многу наши институции нема да можат да објаснат кои се нивните цели за годината“ рече Дарко Бркан. „Нема воспоставени механизми кои ќе ни покажат, кои ќе ни демонстрираат што е направено за да се постигнат нивните цели.“
point-6-0-by-vanja-cerimagic-02-600x400

Согласно овие заклучоци, препораката е дека отвореноста треба да стане политика на сите земји од регионот.

Истражувањето беше спроведено преку анализа на веб страниците на институциите, но и со испраќање прашалник директно до самите институции. Во некои случаи, истражувачите воопшто не добија одговори на прашањата, што до одредена мера влијаеше резултатите.

За време на дискусијата, во која учествуваа поголем дел од присутните, се отворија нови области за потенцијални истражувања и се разменија интересни искуства. Учесниците од Македонија рекоа дека на општеството во регионот му требаат длабоки промени кои ќе ги опфатат не само институциите, но и граѓаните, и промени во културата за тоа зошто и колку се важни транспаретноста и отчетноста.

Учесничката од ирачки Курдистан го спореди искуството на нејзините организации кои спроведоа слично истражување пред 2 години, но нема промени дури ниту откако ги објавиле резултатите. Учејќи од таа ситуација, таа предложи дека би било корисно да се следи спроведувањето на препораките извлечени од ова истражување.

Во блиска иднина, мрежата ќе објави сеопфатни планови [roadmaps] за секоја од земјите и институциите, со конкретни препораки за тоа како да се подобрат нивните резултати и вредностите на индикаторите. Членовите на мрежата имаат неколку планови за тоа како да придонесат кон промени во оваа област. „Ова е како алатка која помага за ефективно промовирање на промените. Но, ова е првпат да се прави вакво нешто во регионот, па ќе видиме како ќе излезе“, заклучија членовите на мрежата.

Во вториот панел претставниците на мрежата ги презентираа деталните анализи на отвореноста на собранијата од регионот.

Општиот заклучок е дека ситуацијата е најдобра во Црна Гора, но тоа не значи дека е добра. Сепак, врз основа на истражувањето, Собранието на Црна Гора е најтранспарентното законодавно тело во регионот, со исполнети 85% од критериумите за отвореност. Собранието на Црна Гора ги објавува сите работни програми и работни извештаи за претходните три години, текстови од предлог закони, усвоени закони, амаднмани, и информации за јавни набавки. Но, има уште простор за подобрување. Повеќе детали за наодите се достапни овде.

Во Србија, анализата покажа дека законодавните власти задоволуваат 59% од индикаторите за отвореност. Овој резултат кажува дека потребно е значајно подобрување на отвореноста на законодавните тела во оваа земја. Повеќе детали овде.

Иако Собранието во Македонија е најтворено споредено со извршната и судската власт во земјата, сепак резултатот е дека тоа исполнува 59% од индикаторите за отвореност, и со тоа Собранието на РМ е под просекот на отвореност на сите собранија од регионот кој изнесува од 63%. Повеќе детали овде.

Со оглед на тоа дека во Босна и Херцеговина има комплицирана административна процедура, истражувањето требаше да вклучи три владини нивоа наместо само едно, и тоа покажа дека законодавната власт во БиХ задоволува нешто над половина од индикаторите за отвореност (51%), а со тоа таа е најмалку отворена во регионот.

Се анализираа пет законодавни институции: двата дома на Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина, двата дома на Собранието на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Националното Собрание на Република Српска. Врз основа на резултатите, законодавните институции исполнуваат само 48% од индикаторите поврзани со принципот на пристапност, а најмногу индикатори се исполнето кога станува збор за пристап до информации (53%) а најмалку за интеракција со граѓаните (малку под 37%). Повеќе детали овде.

Во Албанија, Собранието задоволува 60% од индикаторите за отвореност, што не е лош резултат, но исто така укажува на простор за подобрување. Повеќе детали овде.

Во Косово, Собранието исполнува 60% од индикаторите за отвореност, и со тоа го дели второто место со Албанија на ранг листата на собранија од Западен Балкан. Како и во другите земји, косовското Собрание не успева да ја евалуира ефикасноста и влијанието на законите кои ги носи, без разлика дали станува збор за оние во фаза на подготовка или оние кои се веќе на сила. Повеќе детали овде.

Проектот ACTION SEE се спроведува од страна на Мрежата ACTION SEE (Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа), мрежа на граѓански организации од регионот: Фондација Метаморфозис од Македонија, Центар за демократска транзиција (ЦДТ) од Црна Гора, Центар за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) од Србија, Здружение на граѓани Зашто не од Босна и Херцеговина, Вестминстер Фондација за демократија, Open Data Kosovo и Mjaft од Албанија, со финансиска помош од Европската Унија.