Мени

Четиринаесетта конференција е-Општество.мк: Медиумски писмени граѓани за отчетни институции

e-society-slide

Четиринаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Конференцијата ќе се одржи на 11 декември во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје од 10:00 до 16:00 ч., а темата ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“.

На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и регионот, со крајна цел да придонесат во дефинирањето на приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентност и отчетност.

Фактот што Метаморфозис ја организира оваа меѓународна конференција четиринаесетти пат, покажува колку е голема потребата за ваков форум каде сите релевантни чинители дебатираат и со тоа придонесуваат во севкупниот процес на развој на демократските процеси во Македонија.

Сите заинтересирани можат да ја погледнат нацрт-агендата и да присуствуваат на конференцијата преку регистрација на официјалната веб-страница: e-society.mk најдоцна до понеделник,  10 декември 2018 г., 12:00 часот.

Официјални јазици на кои што ќе се говори на конференцијата ќе бидат: македонски, албански и англиски. За сите три ќе биде обезбеден симултан превод.

За дополнителни информации тимот на Метаморфозис ви стои на располагање преку е-пошта (contact@e-society.org.mk) или на телефон 02/3109 325.

 

logoa

Конференцијата е-Општество.мк ја организира Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, во синергија со проектите „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ (crithink.mk) и „Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа“ (ACTION SEE – actionsee.org), финансирани од Европската Унија, проектите „Опсерваторија на медиумските реформи“ (mediaobservatorium.mk) и „Вистиномер.мк“ (vistinomer.mk) поддржани од Фондацијата отворено општество – Македонија како и со проектот „Промовирање, обликување и унапредување на слободите на интернет“ (Promoting, Shaping and upholding internet freedoms) поддржан од Асоцијацијата за прогресивни комуникации (apc.org) и проектот „Креирање методологија и пристап за граѓански надзор над службите за следење“ преку ИФЕКС (ifex.org).