Оваа фаза значи јавна расправа по текст подготвен од работната група составена од различни интересни групи. На овие настани, претставници од „Слободен софтвер Македонија“, фондацијата „Метаморфозис“ и Министерството за информатичко општество ќе ја презентираат нацрт-политиката а ќе дискутираат по сугестиите кои ќе дојдат од заинтересираната јавност. Настаните ќе траат околу 2 часа.

Целните групи за кои се наменети овие настани се:

а. Академската заедница
б. Бизнис заедницата
в. Граѓанските организации
г. Локалната власт

Предвидени се 4 јавни настани кои ќе се случат во:

1. Тетово. 14.март во 13ч локација: центар за балканска соработка Љоја
2. Штип. 17.март во 13ч локација: општинска сала
3. Скопје. 21.март 13ч локација: ПМФ
4. Битола. 22.март 11ч локација: Технички факултет

Доколку сте заинтересирани да учествувате во презентацијата Ве молиме пишете на info@slobodensoftver.org.mk.

Воедно, доколку можете, препратете ја информацијата до релевантни организации и индивидуи од овие области.

Сподели: