Мени

Одржана воведна средба со грантисти од третиот циклус од грантовата шема на ACTION SEE од Северна Македонија

На 09 јули 2019 година беше одржана воведна средба со претставници на грантисти од третиот циклус од грантовата шема на ACTION SEE од Северна Македонија. Целта на воведната средба беше грантистите подобро да се запознаат со процедурите во врска со спроведувањето на нивните грантови, но и да имаат можност за запознавање, размена на најдобри практики и искуства во врска со спроведувањето на грантовите, и воспоставување на контакти за понатамошна соработка. На овој начин проектот цели и кон градење на заедничка платформа и мрежно поврзување на граѓанските организации кои се корисници на овие грантови.

Мила Јосифовска, Гонџе Халили, Натали Петровска, Даниел Митковски, Горица Павловска, Ненад Павловски, Тодор Цонев и Берат Лимани на воведната средба со грантисти од третиот циклус од грантовата шема на ACTION SEE од Северна Македонија модерирана од страна на проектниот координатор Мила Јосифовска

Воедно, на 09 јули 2019 година беше одржана и обука со цел да се подобрат нивните капацитети за подготовка на извештајните документи, како и да се запознаат подобро со процедурите за заштита на лични податоци.

     

 

Во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа се доделени вкупно 35 грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Преку грантовата шема се опфатени над 70 граѓански организации и медиумски организации од шест држави и тоа од: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, и истите адресираат прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.

Од Северна Македонија добитници на грантови од третиот циклус од грантовата шема на ACTION SEE се:

  • Здружение на млади и маргинализирани групи: Центар за интеграција и развој
  • Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци (www.ini.org.mk)
  • Коалиција на граѓански здруженија „Сите за правично судење“ (all4fairtrials.org.mk)
  • Еко натура (www.ekonatyra.org)