Мени

Покана за вебинар: Како да направите совршен инфографик?

Научете како да креирате совршен инфографик!

Кога: 10 април, со почеток во 16:00 часот

Колку ќе трае? Еден час!

Цена за учество? БЕСПЛАТНО!

Како да се регистирам? Кликни тука: https://attendee.gotowebinar.com/register/7320531207318542338

На кој јазик ќе биде вебинарот? Овој вебинар ќе се одржи на англиски јазик.

Ако една слика вреди илјада зборови, тогаш добар инфографик вреди илјада страници. Без разлика дали работите на презентација, веб страница или на материјали за предавање, ништо не раскажува комплексна приказна подобро од инфографик.

Инфографиците се популарни бидејќи тие ги доловуваат визуелните информации на интуитивен начин. Визуелизацијата на податоци е нов визуелен јазик кој може да се научи, и тој комбинира знаење за раскажување приказни, графички дизајн или управување со податоци.

Овој вебинар е за Вас ако:

  • Сакате да научите повеќе за приказот на податоците.
  • Работите со податоци и сакате да ги претставите истите на мошне интересен начин.
  • Сте дизајнер кој сака да научи повеќе за инфографиците и визуелизацијата на податоци.
  • Не сте дизајнер но сепак сакате да научите повеќе за инфографиците и визуелизацијата на податоци.
  • Сакате да ги научите клучните принципи за добар дизајн на визуелизација на податоци.
  • Сакате да имате преглед на спектарот од различни видови графикони и нивните улоги.

Краток опис за експерот Игнаси Алкалде:

Игнаси има универзитетска диплома по мултимедија, магистер е по информатичко општество и општество на знаење и поседува универзитетска диплома по анализа и визуелизација на податоци. Тој живее и работи во Шпанија.

Игнаси е тренер и консултант за визуелизација на податоци и за отворени податоци. Дополнително, тој е асистент за визуелизација на податоци и отворени податоци на Universitat Oberta de Catalunya и на Universidad Internacional de la Rioja. Воедно, тој е менаџер на Школата за податоци во Шпанија за Open Knowledge Spain и акредитиран тренер за отворени податоци од Open Data Institute UK.

Публикација: Визуелизација на податоци: од податоци до знаење (за сега само на шпански јазик) http://www.editorialuoc.cat/visualizacion-de-la-informacion.

Дознајте повеќе за Игнаси тука:
Twitter: @ignasialcalde

web: www.ignasialcalde.es

Не пропуштајте ја оваа можност да присуствувате на овој вебинар во понеделник (10 април).