Мени

Втор конститутивен состанок на СТЕП мрежата во полошкиот регион

Денес, на 20-ти јуни во просториите на ресторанот „Динамика“ се одржа четвртиот конститутивен состанок за формирање на СТЕП мрежата, во насока на проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси како и зајакнување на темелите, општото опкружување и потребните елементи потребни за стратешко постигнување и искористување на нови меѓународни пазари во туристичката индустрија.

IMG-761d88485f0e0a8c53f811da75243f55-V

На состанокот учествуваа претставници од различни области како индивидуални претприемачи, бизнис претставници, институции, граѓански здруженија, кои имаат приближно заеднички цели, т.е. развојот на туризмот во регионот.

Тема на разговор беа бенефитите на целната група од проектот, каде што посебен акцент беше ставен на градење на капацитети и вмрежување на сите субјекти, начини на функционирање на мрежата, како и официјалното потпишување на пристапниците на членовите да бидат формален дел од мрежата.

Од наведената средбата како консензуален заклучок беше идејата дека мрежата треба да биде коректор и катализатор за делувањето  од страна на локалната и централната власт за стратешки пристап во областа на туризмот.

IMG-5abb0774457d22b046992097acaed7de-V

Шара е неискористен туристички дијамант, а нејзината промоција како туристичка точка не може да се направи со делумен пристап.

Сите заедно, треба да се фокусираме на градење на институционална одржливост на мрежата, и тоа пред да заврши проектот.

Во наредниот период активно ќе соработуваат со проектниот тим, за да можат да дадат содржајни податоци за нивните субјекти.

Проектот СТЕП се финанцира од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија, додека се имплементира од Фондацијата Метаморфозис со партнерите Центарот за развој на полошкиот плански регион, како и Советот на Округот Елбасан.