11.08.2017
Прајваси интернешнал и Метаморфозис укажуваат на потребата за механизми за контрола врз прислушувањето, наспроти „директниот пристап“
Денеска, Прајваси интернешнал и Метаморфозис писмено се обратија до властите во Македонија за да добијат информации во врска со владиниот надзор во Македонија и повикуваат на гаранции за заштита на приватноста и воспоставување механизми од страна на државните институции што ќе спречат злоупотреби. Повеќе од две години, Македонија беше во продолжена и длабока политичка криза […]
28.07.2017
Добитници на грантови за стратешка поддршка
Проектот на УСАИД за граѓанско учество (CEP) и Фондацијата Метаморфозис со задоволство ги објавуваат грантовите за стратешка поддршка доделени на шест организации по објавеното барање за апликации за грантови (RfA # CEP-SSG-01): Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ; Здружение Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација; Здружение за образование МЛАДИИНФО […]
20.07.2017
Повик за ангажирање консултант за организациски развој
Фондацијата Метаморфозис објавува повик за ангажирање консултант за организациски развој со познавања од областа на комуникациите. Рокот за пријавување е до 10 август 2017. Цел Општата цел е да се реформира Метаморфозис во модерна невладина организација која функционира добро и има силен стратешки фокус, јасни улоги и одговорности и цврста внатрешна комуникација која овозможува на […]
30.05.2017
Пријавете се на Digital-born Media Carnival!
Digital-born Media Carnival е настан кој ќе се одржи од 14 до 18 јули во Котор, Црна Гора. Конференцијата е заедничка иницијатива на Фондацијата SHARE, Мисијата на ОБСЕ во Србија и Министерството за надворешни работи на Холандија, со поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите. Digital-born Media Carnival ќе биде настанот на кој […]
29.05.2017
Политичкиот прогон врз невладините да запре и институциите да преземат одговорност
На 29 мај во Скопје претставници на дваесет граѓански организации одржаа конференција за медиуми на која ги пренесоа информациите за притисоците со кои се соочуваат последниве пет месеци.
03.05.2017
Светски ден на слободата на медиумите, 3 мај 2017
Метаморфозис го честита 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, на сите оние кои се борат за слободата на изразувањето и ги бранат човековите права насекаде низ светот.
07.04.2017
СЕММ оцени како основани 9 жалби на Фондацијата „Метаморфозис“
Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), вчера на 6 април, донесе 9 одлуки по исто толку жалби поднесени од страна на Фондацијата „Метаморфозис“, при што сите жалби беа оценети за основани.
05.04.2017
Пријавете се на Наградата на Светскиот самит 2017
Метаморфозис ги повикува заинтересираните кандидати од Македонија да пријавуваат свои мобилни или веб апликации, кои може да бидат номинирани за учество на Наградата на Светскиот самит 2017 (WSA). Временска рамка: Од 4 април до 15 јуни: Регистрирање на апликацијата на локалниот претставник Од 1 јули до 15 август: Онлајн жири избира потесен круг од апликации […]
22.03.2017
Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!
Тврдењата објавени на 21 март 2017 г. од страна на медиумите „Дневник“, ТВ „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било поврзаност на Фондацијата „Метаморфозис“ со насилство, претставуваат груба манипулација и искривување на вистината
09.02.2017
122 граѓански организации побараа поддршка од граѓаните, институциите и од Владата
На денешната прес-конференција, 122 граѓански организации под мотото „Мора да го заштитиме граѓанското општество во Македонија“ побараа поддршка од граѓаните, од институциите и од сегашната и од идната влада поради нападите врз граѓанското општество во последниот период. Почитувани, Ние, долу потпишаните граѓански организации, од цела Македонија, се обраќаме на јавноста во овие тешки времиња […]
08.02.2017
„СОС“ и неговите налогодавачи не можат да го замолчат слободоумното граѓанско општество
Ние, граѓанските организации кои сме цел на постојани оркестрирани напади на досегашната власт и нејзините послушници, уште еднаш бараме јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации за нашата работа, изнесени од страна на таканаречената граѓанска иницијатива „СОС“. Во спротивно, ќе бидеме приморани правдата да ја бараме на суд односно ќе поднесеме тужби […]
06.02.2017
Демант на лагите искажани од СОС за Фондацијата „Метаморфозис“
Средствата на „Метаморфозис“ никогаш не биле и нема да бидат користени за активности на која било политичка партија. Ваквите конструкции и манипулации имаат цел да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми и да го нарушат угледот на „Метаморфозис“ и на целиот невладин сектор што не е под контрола на владејачката партија.