Мени
gvo-logo-lg

Глобал војсис – Светот зборува, дали слушаш?

gvo-logo-lg

Овој проект овозможува на едно место да се соберат сите блогери, автори и преведувачи со цел да ја презентираат моменталната состојба на блогосферата од нивната земја. Тимот на Глобал војсис е составен од членови кои живеат насекаде низ светот и заедно тие преведуваат и известуваат што велат блогерите од целиот свет за глобалната публика.

Глобал војсис има за цел да ги прикаже вестите кои мејнстрим медиумите одбираат да ги игнорираат. Преку широкиот опсег на технологии, меѓу кои фотографии, видеа, вики, подкаст, блогови, агрегатори и слично, Глобал војсис се обидува да ја насочи конверзацијата кон темите и перспективите кои произлегуваат од граѓанските медиуми. Главна цел на Глобал војсис е да ја заштитува слободата на изразување во светот и да го заштити правото на граѓаните-новинари да известуваат за настани и да ги пренесуваат своите мислења без страв од цензура или прогонување.

Покрај овој сајт, Глобал војсис има уште неколку свои програми. Една од тие програми е Адвокаси програмата , која има цел да изгради глобална мрежа од блогери и онлајн активисти кои ќе се посветат на борбата против цензурата и ќе го заштитуваат правото за слободно изразување и слободниот пристап до информации онлајн. Рајзинг војсис е уште една од програмите на Глобал војсис. Оваа програма им помага на гласовите од заедниците да се вклучат во глобалната конверзација со овозможување ресурси и финансирање на локални групи, чија целна група се недоволно застапените заедници.

Уште еден прокет на Глобал војсис е проектот Лингва , чија цел е со преведување на содржината на 15 различни јазици да го приближи сајтот до поширока публика. Во овој проект е вклучена и фондацијата Метаморфозис, како иницијатор на јазичните верзии на Глобал војсис на македонски и албански јазик. Покрај овие два јазика, содржината на Глобал војсис се преведува и на: германски, шпански, француски, италијански, малгашки, португалски, арапски, фарси, бангла, хинди, кинески (поедноставен), кинески (традиционален), јапонски..

linguabadge-general-big

„Секој дополнителен јазик за кој што постои интерес, ќе биде додаден на Лингва. Волонтерите на Лингва добиваат признанија за нивната работа, се здобиваат со значајно изложување со што го градат своето преведувачко портфолио. Главно, Лингва преведувачите помагаат во доближување на светот и распространување на пораките. Доколку сакате да се вклучите, контактирајте го уредникот на еден од проектите наведени погоре.“

Самит на Глобал војсис – 27 и 28 јуни 2008, Будимпешта, Унгарија

На 27 и 28 јуни во Будимпешта, Унгарија се одржа годишниот самит на Глобал војсис посветен на граѓанските медиуми. Конференцијата ги спои сите активисти на Глобал војсис, како и голем број на новинари, блогери и други заинтересирани страни.

Самитот започна со обраќање на основачите на Глобал Војсис, Итан Зукерман и Ребека Мекинон . Во краток вовед тие ја раскажаа идејата од која настанал Глобал војсис.

Првиот ден од самитот беше посветен на цензурата, која е многу честа појава во некои делови од светот. Говорници од целиот свет ги искажуваа своите проблеми и начините кои ги користат за да ја објават својата приказна онлајн. Голем дел од нив користат СМС, Твитер и други сервиси за да ја пренесат својата порака до светот. Една од сесиите од овој ден беше посветена токму на алатките коишто се користат за избегнување на цензурата и како најадекватна алатка беше истакната алатката „Тор“.

Фотографија од учесниците на самитот на Глобал војсис во Будимпешта, Унгарија

Вториот ден од самитот беше посветен на другите проекти на Глобал војсис т.е. Рајзинг војсис и Лингва. На самиот почеток од првиот ден беше прикажано кратко видео од сите тековни проекти од Рајзинг војсис и публиката беше запознаена со нивните активности. Беше прикажано како растот на блогирањето, социјалното вмрежување и микро-блогирачките сервиси, како Фејсбук и Твитер, видео и фото сајтови за споделување, како ЈуТјуб и Фликер, ширењето на мобилната технологија им дава можност на обичните граѓани целосно да учествуваат во демократскиот процес во земјите Иран, Кенија, Ерменија и Венецуела.

При крајот на вториот ден своја сесија имаше успешната гранка на Глобал војсис, Лингва, на која уште еднаш беа претставени македонскиот, албанскиот и хинди јазикот како нови членови на Лингва, а беше објавено и официјалното вклучување и на италијанскиот јазик. Последната сесија од самитот ги опфати прашањата за тоа како блоговите можат да ја пополнат празнината со нови и креативни начини кога традиционалните медиуми не се во можност да известуваат, како на пример во случаите на природни катастрофи и политички кризи.

За крај на самитот беа прогласени новите стипендисти од проектот Рајзинг војсис и им беше заблагодарено на сите спонзори и пријатели на Глобал војсис, како и на сите волонтери и учесници.

Елена Игнатова

Поврзани натписи