Мени

Промовиран интернет-сервисот „Најди! Книга“

Во четврток, 9 март 2006 година, во просториите на НВО Инфоцентарот се одржа промоција на интернет-сервисот „Најди! Книга“ кој нуди пребарување на севкупниот текст на македонски печатени книги.

Интернет-сервисот „Најди! Книга“ го промовираа креаторот на македонскиот пребарувач Најди!, Петар Кајевски, Никола Гелевски, директор на издавачката куќа „Темплум“ и Филип Стојановски од Фондацијата „Метаморфозис“.

Гелевски изјави дека „Најди!“ не ја следи матрицата на постојните пребарувачи и е многу повеќе од обичен собирач на информации.

– „Најди! Книга“ нуди пребарување на севкупен текст (full-text) според зборови кои се наоѓаат каде било во текстот на книгите, а не само во насловот или во листата на клучни зборови. Моментално „Најди! Книга“ има обезбедено индекси на 250 книги од 15 македонски издавачки куќи и научни институции – истакна Петар Кајевски. Тој додаде дека очекува бројот на индексираните книги да достигне до 400 наслови до крајот на следната недела.

Проф. Зоран Велковски, проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, изјави дека постојат големи можности за соработка меѓу Универзитетот и „Најди! Книга“.

„Најди! Книга“ е дел од најстариот активен македонски пребарувач „Најди!“ во чии рамки функционира и сервисот „Најди! Блог“, кој нуди следење од едно место на сите македонски блогови, кои стануваат сè попопуларен медиум во земјава.

Преземете ја презентацијата (ппт, 509 КБ)

Поврзани натписи