Нашите животи станаа незамисливи без Интернет и тој стана моќна алатка што ја користиме секојдневно, и за професионални и за лични цели.

Интернетот ни дава многу можности да заштедиме време и ресурси, да научиме нови вештини и повторно да дадеме приоритет на вредностите. Сепак, со зголемената употреба на Интернет, сведоци сме на зголемениот број на ризици кои доаѓаат со неа.

Да се биде присутен на социјалните мрежи и да се има какво било онлајн присуство стана нешто вообичаено, особено кај младите. Сакаме да гледаме што прават другите луѓе на социјалните мрежи и да ги споделуваме нашите фотографии и видеа за другите да можат да видат што правиме ние.

Но, дали знаеме што се случува со нашите податоци откако ќе ги споделиме? Дали знаеме кои податоци треба или не треба да се споделуваат?

Нашите уреди се нашата врска со другите, но дали застануваме да размислиме што ќе се случи ако работите што ги споделуваме на интернет се злоупотребуваат?

Учењето како да се однесувате одговорно на Интернет и како безбедно да ја користите технологијата е нешто што треба да се сфати како обврска. Но, обврска кон самите себе, бидејќи на крајот на денот, ние сме тие кои може да бидат повредени во тој процес.

 

Сите наши активности на Интернет можат да бидат користени, а и веќе се користат за некои цели. Рекламите што ќе ги кликнете ќе ги потхрануваат алгоритмите, така што ќе ви излезат повеќе слични реклами, музиката што ја слушате на YouTube ќе ви предодреди музички предлози итн. И ова се само некои од стандардните работи за кои се користат нашите податоци. Сепак, она за што треба да бидеме свесни е дека има злонамерни луѓе кои можат да ги злоупотребат нашите фотографии, кои можат да ги користат достапните лични информации за нас како што се нашиот роден град, училиштето каде учевме или каде бевме вчера (особено за луѓето кои сакаат да споделуваат локации каде и да одат).

На интернет не е толку тешко да се стане некој друг, па затоа зборуваме за кражба на идентитет. Ако некој бара информации за вашата кредитна картичка или информации за лична карта, дали ги споделувате преку сандачето на социјалните мрежи без да размислите двапати? Што се случува ако некој користи едноставна апликација (денес ги има многу) за да пробие едноставни лозинки и да добие пристап до вашето сандаче?

Ова се само дел од проблемите со кои се борат нациите од целиот свет на сите нивоа. Мораме да разбереме дека иако технологијата еволуира многу брзо, човечкиот фактор останува еден од најголемите предизвици во сите аспекти.

Значи, наше е да се заштитиме, така што барем ќе ги научиме основите за тоа како да бидеме одговорни и безбедни на интернет и сепак да го користиме според нашите потреби.

 

————————————————————————————————————————————

Овој текст е изготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината од овој текст е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и авторот и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Влада (Естонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ОДК – Отворени податоци Косово (Косово). Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: