За потребите на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, кофинансиран од Европската унија и спроведуван од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, објавуваме повик за доставување понуди за спроведување истражување за запознаеноста на граѓаните со правото на заштита на личните податоци. Право да се пријават на овој повик имаат правни лица кои работат на истражување на јавното мислење.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Повик за истражување јавно мислење

Прилог 1 – Образец за финансиска понуда

Прилог 2 – Изјава

Краен рок за доставување на понудата е понеделник, 07.08.2023 година. Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до четврток, 03.08.2023.

Image by Mohamed Hassan from Pixabay

Сподели: