studiska_poseta_kardif_2018_2

Делегација од 12 претставници на ГО, по двајца од секоја од земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), заедно со претставниц на Вестминстер Фондација од Белград и Лондон ги посетија Кардиф и Единбург за да се сретнат со членовите на велшкиот Парламент и шкотскиот Парламент, како и со претставници од тамошните граѓански организации, вклучени во отворени податоци и транспарентност.

Студиската посета имаше за цел да им покаже на членовите на делегацијата како ГО работат со парламентите на Обединетото Кралство, како ги спроведуваат иницијативите за застапување и бараат отчетност од нив.

Имавме голема поддршка од нашите партнери во велшкиот Парламент, а особено од шкотскиот Парламент. Покрај состаноците во Парламентот, делегацијата се состана со релевантни граѓански организации и претставници на Владата. Учесниците беа доста вклучени, со волја да учат од добри британски практики за тоа како да ги анимираат владините институции. Исто така, учесниците имаа можност да слушнат како британските владини институции комуницираат со јавноста. Делегацијата се состана со членовите на двата парламента.

Оваа активност придонесе кон нови знаења на мрежата ACTION SEE за тоа како да ги спроведат своите иницијативи за застапување, особено во врска со транспарентноста и отвореноста.

studiska_poseta_kardif_2018

Сподели: