Граѓанското учество е еден од клучните механизми за обезбедување демократија во едно општество. Технологијата ни дава можност да го искористиме дигиталниот простор и да ги споделиме нашите мислења.

За да можат да учествуваат во креирањето политики на Интернет, неопходно е граѓаните претходно да бидат информирани. Важно е да разбереме на кој начин функционира дигиталната средина, како да ги користиме основните дигитални алатки и да увидиме што е она што се случува со нашите податоци во дигиталниот простор.

Неопходно е владите да развијат соодветни дигитални алатки со кои ќе се овозможи наше учество. Преку овие алатки ќе можеме да дадеме свој придонес во процесите на донесување одлуки и да се заложиме за подобрување на нашето непосредно опкружување, на нашиот град или пак, на целата држава. Овие алатки треба да бидат достапни за секој граѓанин, да се лесни за користење и да бидат постојано безбедни.

Македонска верзија

Албанска верзија

Српска верзија

Црногорска верзија

Оваа анимација е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија. Анимацијата е произведена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократска промена Србија (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: