Проектот на УСАИД за граѓанско учество во Македонија ги поканува граѓанските организации во Македонија да аплицираат за грантови за стратешка поддршка.
Проектот за граѓанско учество е петгодишна програма финансирана од УСАИД која придонесува да се постигнат две цели: (1) зајакнато влијание на граѓанските организации врз политики и програми поврзани со приоритетни прашања од интерес на граѓаните; и (2) зголемено и одржано младинско учество во јавниот живот во Македонија. Проектот се спроведува од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- EWMI) во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијација за демократски иницијативи (ADI), Фондација отворено општество-Македонија (ФООМ), и Национален младински совет на Македонија (НМСМ). Грантовите за стратешка поддршка ќе бидат управувани од Метаморфозис.
Целта на овие грантови е да се поддржат граѓанските организации, вклучително и тинк-тенк организациите, кои работат во следниве приоритетни области:
- Добро владеење
- Локален економски развој
- Животна средина
- Развој на заедницата
- Граѓанско учество/вклучување на заедницата
- Учество на граѓаните во планирањето и оценувањето јавни услуги
Со проектот се планира да се доделат до 8 (осум) грантови поврзани со ова барање за апликации. Максималната сума за еден предлог изнесува 120.000 американски долари со кои треба да се покријат активности кои може да траат до 3 (три) години, но не помалку од 30 (триесет) месеци.
Подетално, преку ова барање за апликации ќе се поддржат следниве илустративни активности кои спаѓаат под горенаведените приоритетни области:
- Воспоставување иновативни механизми за добивање фидбек од граѓаните во врска со нивната перцепција за и доверба во јавните институции на централно и локално ниво;
- Придонес кон подобрување на јавните услуги преку зајакнување или воведување механизми за учество на јавноста и развој на заедницата, создавање долгорочни решенија за приоритетните прашања кои се од интерес за граѓаните;
- Зголемување на граѓанското учество преку развој на заедницата и активности за разубавување.
- Поддршка при унапредување и развој на стручни и неформални едукативни програми кои водат кон наоѓање работа за младите и ранливите групи, вклучително и сираци, жртви на семејно насилство, лица со инвалидитет, етнички малцинства, припадници на ЛГБТИ заедницата; и
- Поддршка на развојот и спроведувањето ефективни закони, регулативи и државни програми во горенаведените приоритетни области.
За да ги преземете формуларот за аплицирање и формуларот за буџет, кликнете на врските подолу или пишете ѝ на г-а Ќендреса Сулејмани на qendresa@metamorphosis.org.mk.
РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ Е 31 ОКТОМВРИ 2017, 16:00 ЧАСОТ
Документи за преземање:
- Оглас RFA CEP SSG 02 (.pdf)
- Барање за апликации(RFA) # CEP-SSG-02 (.pdf)
- Формулар за аплицирање (.docx)
- Формулар за буџет (.xlsx)
- Список со ставки за штиклирање RFA CEP SSG 02 (.docx)
ПОЈАСНУВАЊАТА ВО ВРСКА СО БАРАЊЕТО ЗА АПЛИКАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ
Сподели: