Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација спроведе активности за обезбедување на поддршка на нови четири државни институции за објавување отворени податоци. Поддршката за отворање на податочните сетови на институциите од централната власт се реализира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, додека конкретната активност се спроведува по третпат.

Во текот на 2020 година, поддршка за отворање на податочни сетови беше пружена на следните пет институции:

  • Министерството за локална самоуправа
  • Државната комисија за спречување корупцијата
  • Управата за јавни приходи
  • Агенцијата за катастар на недвижности
  • Државниот пазарен инспекторат.

Во текот на 2021, поддршка за отворање на податочни сетови беше пружена на следните пет институции:

  • Биро за јавни набавки,
  • Институт за јавно здравје,
  • Министерство за образование и наука,
  • Генерален Секретаријат при Владата на РСМ, и
  • Министерство за внатрешни работи.

Во текот на 2022, поддршка за отворање на податочни сетови беше пружена на следните четири институции:

  • Агенција за вработување
  • Агенција за заштита на лични податоци
  • Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

За времетраењето на поддршката се оствари редовна комуникација со претставници на сите институции, која поради ситуацијата со ковид19 вирусот во најголем дел се одвиваше онлајн.

Офицерите за отворени податоци, но и останатите претставници на институциите редовно се консултираа со националните експерти за отворени податоци, тимот од Фондацијата Метаморфозис, и експертите од МИОА, со цел обезбедување поквалитетни податочни сетови за граѓаните, и подобрување на внатрешните процеси и процедури во самите институции.

Успешноста на процесот, која во огромна мера зависеше од посветеноста и соработката на претставниците на институциите, се покажа и преку крајните резултати и усвоените процедури: сите институции усвоија Процедура за отворени податоци; извршија каталогизација на податочните сетови во нивна надлежност; и спроведоа приоретизација на податочните сетови од Каталогот на институцијата.

Сподели: