Извор: e-Governance Academy Facebook page

Од 18 до 20 мај 2021 година, членовите на мрежата ИЦЕДА и избраните претставници на институциите од Западен Балкан учествуваа на Конференцијата за е-Владеење: Дигитална декада за една година, организирана од Академијата за е-увладеење од Естонија, членка на мрежата на ИЦЕДА.

Годината 2020 ги стави владините онлајн услуги и комуникациски способности на огромен тест, и тие мораа да ги исполнат зголемените очекувања и зголемената побарувачка. Но, пандемијата е исто така најголемиот „поборник“ и забрзувач за дигитална трансформација. Владите и локалните власти сега имаат посилна политичка волја да развиваат онлајн услуги и да ја подигнат свеста на граѓаните. Поврзани со овие важни прашања се отворија: етички дилеми, правни прашања поврзани со собирање и чување на податоци, приватност и доверба – со други зборови, се појави дигитална одговорност.

„Единствената вистинска општествена дигитална трансформација се случува кога владата ги дигитализира своите услуги, го создава потребниот правен простор и потребната инфраструктура за дигитална идентификација. Инаку, можеби ја имате најдобрите дигитализирани јавни услуги, како што имаат многу развиени нации, но доколку владата не го преземе водството и не го понуди ова на сите граѓани, вклучително и пристап до нејзините услуги – тоа не ги трансформира општествата“. Ова е пораката од естонскиот претседател Керсти Каjулаид на еден од панелите на Конференцијата.

Изовр: e-Governance Academy Facebook page

„Доаѓајќи од земја што го трасира својот пат кон дигитална трансформација, заклучоците од Конференцијата се исклучително вредни. Јас би сакала да ја истакнам важноста на преземањето на водството и обезбедувањето на инфраструктурата за овие процеси што го прават владите на земјите од Западен Балкан, влијанието на образованието и важноста тие во својот центар да ги имаат граѓаните. Ова значи дека треба да ја добиеме вистинската проценка на потребите за тоа каков вид е-услуги навистина им требаат на граѓаните и како сите можеме да ги креираме нашите понатамошни активности врз основа на тоа“, – рече Снежана Никчевиќ од невладината организација 35 ММ (Црна Гора), членка на ИЦЕДА.

Академијата за е-владеење и министерот за претприемништво и информатичка технологија во Естонија, Андрес Сат, со поддршка од членовите на ИЦЕДА, обезбедија простор за бесплатно учество на неколку избрани институции од Западен Балкан кои работат директно на имплементација на дигиталната агенда за западен Балкан. Еден од нив беше Жупаноски Илија, советник за дигитална комуникација на Владата на Владата на Република Северна Македонија, кој изрази благодарност до Фондацијата Метаморфозис за номинацијата и можноста да учествува во, како што смета, еден од најдобрите настани во светот на темата „Дигитализација на општеството“, имајќи предвид дека Естонија е една од најнапредните земји во оваа област.

„Конференцијата беше одлично место за дискутирање на дигиталните антикорупциски алатки развиени и користени од владите во борбата против корупцијата, алатки за зголемување на дигиталната транспарентност на институциите со цел да се зголеми довербата на граѓаните во нивната работа, дигитализација на јавните услуги, сајбер безбедност, технолошки трендови што влијаат на стратегиите на владите за дигитална трансформација и сл. Како година кога Конференцијата за е-владеење се одржуваше на Интернет поради пандемијата со Ковид-19, јас бев особено импресиониран од „Виртуелниот саем“ – алатка преку која имавме можност да се сретнеме со меѓународни и естонски ИТ компании и организации, да научиме од нивните искуства и да истражиме можности за соработка“, – додаде тој, велејќи дека ова знаење и искуство ќе бидат многу вредни за неговиот понатамошен ангажман во Владата.

Извор: e-Governance Academy Facebook page

Дигиталната одговорност главно е адресирана од страна на деловниот сектор. Сепак, очекувањата од владите да ја постават агендата за дигитална одговорност стануваат сè појасни, како и потенцијалната улога на граѓанските организации во предизвикувањето на владите да започнат со овој процес. Оваа тема беше разгледана на панел дискусијата: Дигитална одговорност: Погледите на владите и на граѓанското општество, водена од Кристина Менд, Академија за е-владеење (Естонија), членка на ИЦЕДА. Алдо Меркочи од Левизја МЈАФТ! (Албанија), членка на ИЦЕДА, беше клучен говорник во оваа дискусија и ја искористи оваа можност да ја сподели перспективата на граѓанскиот сектор и за тоа што ИЦЕДА има постигнато во регионот.

„За време на оваа пандемија видовме како дигиталната трансформација станува суштествена за нашето општество, но исто така и потребата да бидеме многу одговорни при нејзината употреба и да можеме да им овозможиме пристап до неа на сите членови на нашето општество, особено во земјите во развој низ целиот свет . Дигиталната трансформација го менува и ќе го менува нашето општество со голема брзина, во сите главни сектори, како што се економијата, здравствената заштита, образованието и употребата на главните комунални услуги, и поради тоа обезбедувањето квалитет и еднаквост во пристапот до неа за сите треба да бидат наша главна грижа денес. Затоа, ќе почнеме да гледаме на тоа не само како нова алатка, туку како нова компонента на човековите права и нашите цели за одржлив развој“,- рече тој.

Мила Јосифовска Даниловска, од фондација Метаморфозис (Северна Македонија), членка на ИЦЕДА, сподели дека преку проектот финансиран од ЕУ – Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА, во согласност со активностите за градење на капацитети за ГО, тие успеале да обезбедат учество на под-грантисти и членови на ICEDA. Зборувајќи со под-грантистите, дознавме дека тие сметаат дека ова искуство многу корисно.

„Колку е пријатно да се види дека добро се соединуваат овие работи: сите воодушевени говорници на Конференцијата на високи позиции – претседатели на земји и претставници на различни министерства на 4 различни континенти, заедно со нивниот скромен, но сепак возбуден и возбудлив став кон дигитално зајакнатата иднина. Знам дека она што го прави СИНХРО во Панчево преку ICEDA е само помагање во подготовките за првите чекори, но толку е убаво да се биде дел од правењето на ова дигитално патување малку подостапно за придружба“, – рече Наташа Ленчел, СИНХРО (Србија), член на ИЦЕДА.

Дебора Пеци, Демократија плус (Косово), членка на ИЦЕДА, сподели дека дигитализацијата во рамките на јавните установи е нешто што тие го промовираат во Косово уште од нивното основање. „Ова се покажа како предизвик за Косово, и ние сме сè уште во раните фази на овој процес. Затоа, учењето за тоа како јавните субјекти можат да станат посилни со овие промени, беше многу корисно за да ни помогне да развиеме пореален пристап кон понатамошниот процес на дигитализација “, – додаде таа.

Божидар Цветковски од АГТИС (Северна Македонија), членка на ИЦЕДА, исто така ја препозна важноста на Конференцијата и ја виде како одлична можност да се започне со примена на позитивните искуства од развиените земји. Сепак, тој предупреди дека не треба да се брза со имплементација на дигитални алатки, без добро осмислени и подготвени стратегии што ќе се применат во нашата заедница. „Нашата цел како организација е да ги пренесеме овие добри практики на населението преку масовно промовирање и едукација, со заеднички напори и сили со други засегнати страни, ГО, медиуми и Владата. Само со добри примери и голема посветеност ќе можеме да останеме во чекор со земјите кои се добри примери на оваа Конференција “, – тој рече.

За Лилјана Јоноски, од Рурална коалиција (Северна Македонија), членка на ИЦЕДА, ова беше првпат да учествува на ваков настан и да учи од светски експерти во оваа област. Таа смета дека темите за кои се дискутираше се толку блиски до нивната реалност и има многу што може понатаму да се примени во нивната секојдневна работа во рамките на локалниот центар за е-владеење. „Имаше дискусија за стекнување и промовирање на дигитални вештини и колку е важен овој процес и за институциите и за граѓаните. Исто така беше истакнато дека дигитализацијата е процес во кој постојано учиме и покрај нејзините добри страни, честопати се прават грешки, така што она што беше нагласено е дека сите треба да учиме од грешките и на овој начин да ја олесниме употребата на е-услуги достапни за сите. Ова е особено важно за нас со оглед на целната група со која работиме и до која навистина ќе треба да ги приближиме е-услугите и дигитализацијата “. – беше нејзината порака. Таа исто така спомена дека Конференцијата понуди одличен простор за вмрежување бидејќи тие стапија во контакт со платформата Citizenship OS кои ја понудија својата поддршка во развојот на нивната платформа за земјоделски е-услуги.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели: