“Во јавноста нема големо знаење и многу информации за Дигиталната агенда на Европската Унија и токму затоа проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА” кој е ко-финансиран од Европската Унија, има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации во промовирање, обликување и спроведување на Дигиталната агенда во Западен Балкан.”
Во рамки на проектот, Фондација за интернет и општество Метаморфозис организира онлајн настан “Дијалози за Дигиталната агенда”.
Настанот ќе се одржи на 30.10.2020 година (петок) во 11:00 часот на ZOOM онлајн платформата. Влез во настанот е обезбеден преку следниот линк: https://techsoupglobal.zoom.us/j/96923533618…
Настанот ќе се состои од кратко претставување на проектот и мрежата ИЦЕДА, на Дигиталната агенда за Западен Балкан и од претставување на истражувањето спроведено во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда во Северна Македонија кое Фондација Метаморфозис го спроведе во рамки на проектот. Настанот ќе служи за развивање на дискусија за придобивките и предизвиците од спроведувањето на Дигиталната агенда во Северна Македонија во денешен контекст, од што ќе произлезат заклучоци кои Фондација Метаморфозис ќе ги земе предвид при спроведување на своите понатамошни активности.
Како говорници на настанот се очекува да учествуваат Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација, Фрејк Јанмат – Раководителот на Секторот за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработка при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Проф. Владимир Петковски, Економски институт – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Д-р Борис Арсов, Раководител на Сектор за телекомуникации при Агенција за електронски комуникации, Бардил Јашари – извршен директор на Фондација Метаморфозис, Мила Јосифовска Даниловска – менаџер на програмата Општествена отчетност и човекови права онлајн во Фондација Метаморфозис, и претставник на Министерство за информатичко општество и администрација.
Настанот е од отворен тип и на истиот се очекува да присуствуваат претставници на институции, граѓански организации, медиуми и сите останати засегнати страни. Настанот ќе се одвива на македонски јазик.
Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација: https://cutt.ly/vgdoMBh
По завршување на настанот, сите регистрирани учесници ќе добијат линкови кои ќе водат до спроведеното истражување и изготвените визуелизации (на македонски, албански и англиски јазик), преку кои понатаму можат да добијат повеќе информации за тековната состојба за спроведување на Дигиталната агенда во Северна Македонија и да ги користат информациите соодветно во своите истражувања или статии.
Напомена: Заради потребите на проектот, настанот ќе биде сниман. Снимката ќе биде дел од проектната архива и нема да се објавува јавно.

——————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: