Фондацијата Метаморфозис и партнерите во проектот, преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда-ИЦЕДА“, кофинансиран од Европската Унија, со задоволство ве информираат дека се доделени 15 под-грантови преку вториот циклус на шемата за мали грантови ЛОТ 2: Грантови за иницијативи за застапување на дигитална агенда.

15 -те мали грантови беа доделени на граѓански организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои во наредниот период, заедно со нивните медиумски партнери како дел од мрежата ICEDA, ќе работат на иницијативи за застапување кои се занимаваат со специфични прашања со кои граѓаните од Западен Балкан се соочуваат во области опфатени со Дигиталната агенда и ICEDA.

Подолу можете да најдете повеќе информации за доделените мали грантови и граѓанските организации кои исто така станаа дел од мрежата ICEDA, преку која тие ќе работат заедно за да промовираат дигитална писменост, вештини и учество на регионално, национално и локално ниво.

Албанија

Instituti për Konsulencë në Marketing dhe Menaxhim (Институт за консултации во маркетинг и менаџмент – IMMC), заедно со Скан ТВ има за цел да го имплементира проектот „Подобрување на процесот на јавни консултации преку Интернет“ преку следење на спроведувањето на законот за јавни консултации, бр. 146/2014, анализирање на тековните ефекти и составување низа препораки до Националната агенција за информатичко општество и Кабинетот на премиерот. Според овој предлог, IMMC ќе се залага преку 5 написи за спроведениот процес на е-учество во Албанија и изгитвување патоказ со најмалку три препораки за иницирање на промена на законот за јавни консултации бр. 146/2014.

Qendra Orbis (Orbis Центар) заедно со Fast News има за цел „Застапување за подобар пристап на студентите Албанци до е-услуги“. Главните активности предвидени со овој грант се кампања за подигање на свеста и анкета за тековните е-услуги што се веќе достапни за оваа целна група. Врз основа на наодите од анкетата, тие ќе направат список со препораки и ќе се залагаат пред Националната агенција за информатичко општество и Општина Тирана за создавање соодветни е-услуги или подобрување на тековните.

Преку грантот „Албанска младина погодна за дигиталната ера“, Мрежата на младински професионалци во партнерство со Политико центарот има за цел да ги мобилизира младите луѓе да се залагаат за зајакнување на дигиталните компетенции преку идните младински политики/стратегии, како и да се развијат најмалку четири препораки за Стратегија за млади на Албанија 2022 – 2029 година. Нивните активности исто така имаат за цел да ја зголемат свесноста на повеќе од 500 млади луѓе за Дигиталната агенда преку ТВ емисии, написи на Интернет и симпозиум.

Косово

Internews Kosovo во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН Косово) ќе го спроведе проектот „Имплементација на дигиталната агенда во општините“ преку кој предвидоа: 1) да ги предизвикаат кандидатите за градоначалници со прашања за унапредување на дигиталната агенда во 10 дебати за градоначалници за време на изборната кампања; 2) нацрт и објавување на 10 написи за јавните заложби дадени од кандидатите за градоначалници во врска со унапредувањето на Дигиталната агенда; и 3) изготвување и доставување препораки до Министерството за локална самоуправа и Министерството за образование, наука, технологија и иновации за спречување и борба против компјутерскиот криминал. Тие преку овие активности имаат за цел да се справат со дигитализацијата на локално ниво и да му дадат поголемо значење на ова прашање во заедницата.

Next Generation Network заедно со Radio Televizioni 21, Radio Televizioni Dukagjini, групата Koha и Радио 1, ќе работат на проектот „Зголемување на свесноста и собирање податоци за платформата за онлајн услуги еКосово“ преку кој имаат за цел да ја зголемат искористеноста на платформата еКосово за најмалку 20%, и да дадат конкретни препораки, и да се залагаат за подобрување на најмалку една е-услуга на платформата. Нивните активности вклучуваат демонстрации во живо во 3 големи градови на Косово и охрабрување на корисниците да дадат повратни информации за потребните промени во платформата, како и начини за ублажување на дигиталната „не“писменост и пристапност, 10 онлајн состаноци за собирање податоци и промовирање на платформата (осум на албански јазик јазик, еден на српски и еден на турски јазик), средби за застапување со Агенцијата за информатичко општество итн.

Косовскиот центар за учење од далечина -Mëso Online заедно со двата медиими Sbunker и 7Arte ќе се залага за дигитална интеграција во образованието. Во рамките на нивниот проект „Застапување за дигитална интеграција во образовниот систем: Зајакнување на далечинско образование во Косово“, тие ќе работат на конципирање на правилата и прописите за учење преку Интернет, како и зајакнување на Дигиталната агенда во Косово. Нивниот фокус е на разбирање на ситуацијата во системот на онлајн образованието, Косовски консензус за развој на е-учење, заедно со ангажманот на граѓаните во образованието и кампањата за подигање на свеста.

Инсистутот за развој на демократија го спроведува проектот „Промовирање на дигитални услуги на локално ниво“ заедно со поддршката на порталот Sbunker. Нивната главна цел е да ја зголемат дискусијата на локално ниво за потребата од решавање на дигиталната агенда и да ги вклучат граѓаните во дискусиите со носителите на одлуки за забрзување на дигиталните процеси. Тие ќе се залагаат за подобрување на е-услугите истовремено истакнувајќи ја потребата од дигитализација преку средби со општините Подуева, Липјан и Дренас, изработка на едиторијали, инфографици, брифирања на политики со препораки за Стратегијата за модернизација на јавната администрација, итн.

Црна Гора

Акција за социјална правда од Даниловград со нивниот проект „Поголема транспарентност и видливост во имплементацијата на ДА во Црна Гора“ и во соработка со Мрежата за криминал и корупција – Лупа, има за цел зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор и медиумите во спроведувањето на дигиталната агенда во Црна Гора преку развивање анализа на правната рамка за нацрт на Стратегијата за дигитална трансформација и давање препораки за нејзино подобрување, и воспоставување комуникација со релевантните институции, како и коалицијата на ГО и медиуми за да им се помогне да се залагаат за промените. Покрај тоа, тие ќе се стремат да ги постигнат своите цели преку јавна кампања која ќе вклучува новинарски приказни.

Активна зона од Цетиње и РТВ Цетиње ќе работат кон поврзување на светот на технологијата, медиумите и образовните институции во Цетиње, за да ги искористат најдобро можностите што ги нудат новите технологии, опфаќајќи ги тековните теми за дигитално образование и Дигиталната агенда. Нивниот проект „Локална иницијатива за дигитална агенда – #ЛИДА“ се фокусира на воспоставување воннаставни активности за дигитална и медиумска писменост во средните училишта во Цетиње, како и развој на прирачник за работа на клубовите за дигитална и медиумска писменост во средни училишта и промоција на целните теми за дигитална агенда на локалниот јавен радиодифузер.

Центарот за политичка едукација од Никшиќ се здружи со порталот Onogošt и општина Никшиќ за да создаде нова е-услуга за градот. Со својот проект „3D – Дигитализација + Демократизација = Дигитална трансформација“ тие имаат за цел да се залагаат за побрзо и поефикасно обезбедување услуги на граѓаните. Ќе работат на подигнување на квалитетот на комуникација со граѓаните, како и зголемување на нивото на знаење за активностите на локалната самоуправа. Покрај тоа, тие ќе ја поддржат Општината во процесот на дигитализација на системот и создавање подобри е-услуги. Организацијата ќе работи на зголемување на иницијативата меѓу граѓаните за комуникација со Општината преку развиеното е-решение, истовремено подигнувајќи ја свеста за целните теми поврзани со дигиталната агенда во соработка со нивниот медиумски партнер.

„Родители во агендата“ е проект што ќе го спроведе невладината Родители од Подгорица. Тие ќе работат на подобрување на разбирањето на линиската институција за обезбедување квалитетни е-услуги што ги опфаќаат темите за родителство. Понатаму, тие имаат за цел да ја зголемат побарувачката на граѓаните за квалитетни е-услуги преку наменски подкаст емисии и подигање на свеста од страна на родителските граѓански организации. Нивна медиумска поддршка ќе биде порталот Roditelji.me. Заедно тие се стремат да го промовираат и застапуваат повеќеначинскиот пристап на позицијата на родител во рамките на Дигиталната агенда преку собирање на информации од граѓаните, обезбедување релевантни повратни информации и креирање препораки за подобрување на целната тема поврзана со дигиталната агенда.

Северна Македонија

Во партнерство со Балкон 3, Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 го спроведува проектот „мЗаедница за e-заедница“ преку кој тие имаат за цел да обезбедат висококвалитетни е-услуги на локално ниво и да го зголемат бројот на корисници на локални електронски услуги. Тие имаат намера да го сторат тоа преку обезбедување на најмалку 3 нови е-услуги на локалната самоуправа преку м-заедница во уште две општини и со тоа да им овозможат на граѓаните лесно да комуницираат со различни сектори на тие општини, како и давање препораки за политики до сите 81 општина, Здружението на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за локална самоуправа за дигитализација на услугите.

Заедно со Радио МОФ и Порталб, Младинскиот образовен форум го спроведува проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“, чија цел е подобрување на е-услугите што се обезбедуваат за студентите и решавање на дигитализацијата во високото образование. Преку консултативни состаноци со Министерството за образование и наука (МОН) и студентските организации, тие имаат намера да ги откријат потребите на студентите и да креираат кратка политика составена од специфични препораки за подобрување на дигиталните аспекти на новата стратегија за високо образование креирана од Националниот совет за високо образование. Покрај тоа, тие ќе организираат тридневен Хакатон за дигитални алатки/ решенија за високо образование, чиј резултат ќе биде нова дигитална алатка за студентите подготвена за употреба што ќе ја понудат на МОН за бесплатна употреба.

Србија

Преку проектот „Заедно кон подобра е-влада во малите општини-преку дигитализација до транспарентна и отчетна локална самоуправа“, Центарот за демократски развоj Еурополис во партнерство со Гласот на Опово, ќе работи на воведување нова е-услуга во општина Опово врз основа на проценка на потребите на граѓаните, дополнета со соработка со општината при изготвување на Локален акционен план за е-влада. Резултатите од овој процес понатаму ќе се искористат за да се иницира промена на политиката на национално ниво во областа на дигиталната писменост со фокус на ранливите групи. Видливоста на оваа иницијатива ќе биде поддржана со силна кампања за јавна свест преку социјалните медиуми и партнерските локални медиуми.

Институтот за развој и иновации – ИРИ, заедно со Biznis.rs, има за цел да ги едуцира граѓаните на градот Чачак како да ги користат услугите на е-влада, со посебен фокус на услугата е-Градинка. Собирањето и анализирањето на корисничкото искуство во текот на имплементацијата на проектот ќе биде искористено за да се предложи редизајнот за оваа дигитална услуга да биде поусогласена со потребите на граѓаните. Понатаму, три препораки за политики на национално ниво ќе бидат произведени и доставени до носителите на одлуки, кои се однесуваат на процесот на дигитализација во Србија, со посебно внимание на анализата на достапноста на услугата е-Градинка по градови во Србија и процесот на добивање субвенции за градинките.

Проектот „Зголемување на граѓанск ото учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: