На 27.07.2022, Фондација Метаморфозис одржа вебинар “Дигитален маркетинг за непрофитни организации” во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

Преку вебинарот, околу 100 учесници и претставници од граѓанскиот сектор имаа можност да си ги изградат своите капацитети за правилно користење на дигиталните комуникациски канали и алатки се со цел за поуспешно доспевање до нивните целни групи, подобро застапување за клучни прашања од областите на кои работат, поуспешно спроведување на онлајн едукативни кампањи и кампањи за подигање на свест, како и подобра промоција на организацијата, нивните активности и продукти. По вебинарот, се очекува учесниците да се чувствуваат способни за подобро да ја позиционираат нивната организација како чинител во дигиталниот свет и умешно да користат различни методи за да го зголемат нивното влијание во општеството преку онлајн комуникациски канали.

Вебинарот се одржа на македонски јазик преку ZOOM платформата, и видео снимката од истиот може да ја проследите подолу.

——————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: