Од едноставни информации и блог постови засновани на вести, до целосно развиени курсеви со тестирање на знаењето, Hive Mind произведува и објавува содржини за да обезбеди висококвалитетни искуства за учење со четири главни теми во своето јадро:
- Справување со дезинформации
- Дигитална безбедност
- Создавање позитивни наративи
- Медиумска писменост онлајн
Покрај постоечките четири теми, Hive Mind развива дополнителни едукативни материјали за избрани области и теми, на пример за отворени податоци и организациски вештини.
За кого е наменето?
Платформата Hive Mind e наменета за пошироката публика, како место кадешто луѓето ќе научат повеќе за тоа како да се соочуваат со заканите од дезинформации, како да воспостават практики на дигитална безбедност и да се едуцираат на теми од медиумска писменост.
Какви курсеви може да следите на платформата Hive Mind?
Во продолжение мал дел од курсевите што може да ги следите:
Како дел од курсот, ќе научите како приказните и наративите ги прават дезинформациите популарни и веродостојни. Ќе научите како да се спротивставите на опасните верувања и ставови и ќе разберете како да ги користите функциите на социјалните медиуми за споделување на вашите позитивни наративи. Преку учење на основните елементи на приказната, ќе научите како да допрете до одредена публика и да изградите моќна приказна.
Овој курс ги опфаќа основните елементи на дигиталните кампањи- алатки за мобилизирање на масовна публика за поддршка на каузите на активистите со користење на дигитални канали. Врз основа на примери од реалниот живот, учесниците ќе ги покријат и практичните алатки потребни за креирање на сопствени кампањи.
Како дел од овој курс ќе научите како да правите разлика помеѓу различни видови на дезинформации и да избегнувате замки како што се ехо комори, поларизација или пропаганда. Освен тоа, ќе ги споделиме со вас основните знаења и алатки за поефикасно справување со дезинформациите.
Сподели: