Јавниoт сектор има обврска да обезбедува услуги за граѓаните на начин кој најмногу одговара на нивните реални потреби. Еден од најефективните чекори кон постигнување на оваа цел е дигитализација на јавните услуги. Соодветната заштита на човековите права, вклучително и правото на приватност, треба да биде еден од приоритетите во овие процеси. Овие инфографици нудат препораки за тоа како институциите можат да ја усогласат испораката на електронските јавни услуги со Законот за заштита на личните податоци.

 

Сподели: