Денес, во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија, Фондација Метаморфозис одржа вебинар на тема “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет “.

Над 140 заинтересирани учесници од разни општествени сфери (претставници на институции, граѓански организации, бизниси, граѓани, студенти, училишта и универзитети, новинари) имаа можност преку вебинарот да се запознаат со разни видови на сајбер закани и дознаа повеќе совети за препознавање на сабјер заканите и начини на заштита од истите. Вебинарот исто така понуди знаење и за основите на сајбер безбедност, најчестите извори на сајбер закани и како да се справиме со нив, безбедни комуникации преку Интернет, заштита на лични податоци преку Интернет, социјални мрежи и потенцијални повреди на човековите права, како и надлежни институции за справување со сајбер безбедност.

Вебинарот се одржа на македонски јазик преку ZOOM платформата, и видео снимката од истиот може да ја проследите подолу.

Вебинарот ќе се одржи на албански јазик преку ZOOM платформата на 29.09.2022 за што ќе следат информации на веб-страницата на Метаморфозис наскоро.

—————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: