Откако ја прескокнавме годишната конференција во 2020 година и имавме онлајн издание во текот на 2021 година, конференцијата POINT се враќа во „офлајн“ формат. Конференцијата ќе се одржи на 11 и 12 ноември годинава, во Домот на млади во Сараево.

Конференцијата POINT (Политичка одговорност и нови технологии) е најголемата конференција од овој тип во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и се стреми да биде платформа за граѓанското општество што ја поттикнува употребата на нови технологии. Од своето прво издание во 2011 година, конференцијата POINT стана единствено збирно место на граѓански активисти и претставници на граѓанското општество од ЈИЕ, но и од целиот свет, како и платформа за размена на идеи и иновативни решенија за промовирање на одговорно и отворено општество.

По онлајн изданието на конференцијата наречено „POINT Talks“, во кое разговаравме за повеќе различни теми, решивме да ја одржиме конференцијата во живо и во малку изменет формат.

Во текот на изминатите две години од пандемијата, многу нешта се променија, а нешите животи беа погодени на различни начини. Имајќи го ова предвид, би ја искористиле овогодишната POINT конференција насловена како „Враќање дома“ за да размислиме за изминатиот период и да го отвориме просторот за регионалните активисти и учесниците на POINT да размислуваат за овој период на различни начини и да се зафатат со теми кои ни го променија животот во последните две години.

Панелите на конференцијата ќе имаат за цел да поттикнат дискусија и да ни дадат шанса на сите да размислуваме за теми како што се организирање настани, организација на работа, ментално здравје и благосостојба, зголемување на теориите на заговор, политичко организирање и избори, како и други теми кои ги обликуваа нашата работа и живот во изминатиот период.

Можете да аплицирате за стипендии за патување и сместување доколку доаѓате од следните земји на Балканот:

  • Албанија
  • Босна и Херцеговина
  • Северна Македонија
  • Црна Гора
  • Србија
  • Косово (отворениот повик се затвори на 18 октомври 2021.)

Аплицирај овде

Ги покануваме сите кои работат во пресекот на активизмот, политичката одговорност и новите технологии во Југоисточна Европа, да достават предлог за кратка (до 15 мин) презентација за нивната работа на терен.

Аплицирај овде

 

За учесниците кои нема да се во можност лично да присуствуваат на настанот, ќе биде обезбеден пренос во живо од конференцијата.

Конференцијата POINT ја организира UG Zašto ne (Здружение на граѓани – ГО Зошто да не), во партнерство со мрежите ACTION SEE и SEE Check. Поддржана е од National Endowment of Democracy (NED) и Balkan Trust for Democracy (BTD).

Ако имате какви било прашања, слободно испратете ни е-пошта на: point@zastone.ba

*Сите важечки мерки и препораки за КОВИД-19 кои ќе бидат во сила во БиХ ќе се применат за време на конференцијата POINT.

Сподели: