Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организира Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата на 15 јуни 2021 од 10:00 – 11:30 преку ZOOM.

Дијалозите ќе бидат изведени во форма на панел-дискусија посветена на разбивање на митовите поврзани со 5Г технологијата со цел да се унапреди знаењето и подигне свеста кај граѓаните за придобивките од користењето на истата, и да се намали технофобијата во Северна Македонија.

Говорници на настанот кои ќе говорат на темата се:

  • г. Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис
  • Д-р Борис Арсов, Раководител на Сектор за телекомуникации, Агенција за електронски комуникации
  • г. Васко Најков, Директор на Сектор за пристапни мрежи, Македонски Телеком
  • Д-р Томислав Шуминоски, Доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)

Сите заинтересирани да ја проследат дискустијата и да дознаат повеќе за 5Г технологијата се повикани да ја пополнат регистрациската форма (https://forms.gle/AfwrGcUK34jGZ2LcA) каде што меѓу другото ќе можат и да ги постават своите прашања кои ќе бидат поставени на говорниците од дискусијата. Сите регистрирани учесници ќе добијат линк за влез во дискусијата.

Напомена: Настанот ќе биде на македонски јазик. Настанот ќе биде емитуван во живо преку Facebook Live алатката на Facebook профилот на ИЦЕДА мрежата.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели: