Фондација Метаморфозис организира вебинар “Дигитален маркетинг за непрофитни организации” 27.07.2022 (среда) во 10:00 – 13:15 часот. Вебинарот се организира во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.
Вебинарот е насочен кон градење на капацитетите на граѓанските и други непрофитни организации за правилно користење на дигиталните комуникациски канали и алатки се со цел за поуспешно доспевање до нивните целни групи, подобро застапување за клучни прашања од областите на кои работат, поуспешно спроведување на онлајн едукативни кампањи и кампањи за подигање на свест, како и подобра промоција на организацијата, нивните активности и продукти. По вебинарот, се очекува граѓанските организации да бидат оспособени за да направат чекор напред во нивното позиционирање како чинител во дигиталниот свет и умешно да користат различни методи за да го зголемат нивното влијание во општеството преку онлајн комуникациски канали.
Вебинарот ќе биде на македонски јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата. Сите регистрирани корисници ќе добијат линк за влез на ZOOM, а оние кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат и сертификати за учество на е-мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.
Сите заинтересирани да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма најдоцна до 24.07.2022: https://forms.gle/e8TTemuG5DFveygT7
Напомена: Заради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондација Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми како корисен ресурс на знаење за пошироката публика.
——————————————————————————————————————————————
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели: