Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, организираше иницијален он лајн состанок за спроведување на активности за отворање на податоците на пет државни институции.

На состанокот, кој се одржа на 15 јуни 2021 година, беа презентирани активностите кои е планирано да се спроведат во Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Бирото за јавни набавки и Институтот за јавно здравје, беше претставена временската рамка и се дискутираше за начинот на спроведување на активностите.

 

Во наредниот период Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди техничка помош на горенаведените институции за подобрување на употребата на отворени податоци.

Сподели: