Сподели:
Одржан состанок со Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска
07.07.2023
На 6 јули 2023 година, дел од работната група за подготовка на новата Стратегија за транспарентност со акциски план (2023-2026), одржа состанок со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
На средбата беше разгледана нацрт верзијата на Стратегијата за транспарентност, чија цел е воведување на нови мерки со цел градење култура на транспарентност на институциите, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите. Новата стратегија дава приоритет на јакнење на активната транспарентност, слободниот пристап до информации, фискална транспарентност и отворени податоци, како и транспарентноста при носење акти и одлуки и за одвивањето на процесите во самите институции.
Во наредниот месец предлог-стратегијата ќе биде достапна за јавноста преку ЕНЕР, а во септември е планирано да се организираат две јавни расправи со цел да се изгради заеднички и ефикасен пристап за исполнување на визијата за институции кои се целосно отворени и одговорни пред граѓаните.
Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Активност во рамки на проектот:
Грковска: Податоците им припаѓаат на граѓаните, носителите на функции да обезбедат целосна транспарентност на институциите
„Податоците и информациите што ги продуцираат институциите им припаѓаат на граѓаните, јавната администрација е сервис на граѓаните кој е неопходно да биде целосно транспарентен, а истовремено носителите на функциите и институциите да бидат
Други активности од проектот:
Најава: јавна расправа за нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023-2026)
Jавен настан за промоција: „Партнерство за отворена власт – Дијалог за Националниот акциски план 2024-2026“
Одржана дводневна средба на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност