Работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност одржа дводневна работна средба на 7 и 8 јуни 2023 година. Цел на средбата која се одржа во Скопје беше да се разгледаат поставените приоритети во предложениот нацрт – план на Стратегијата за транспарентност и да се изготви нацрт – Акциски план за спроведување на Стратегијата. Петнаесетина претставници на граѓанскиот сектор и државните институции разгледуваа и предложуваа активности и мерки кои имаат за цел да ја зголемат транспарентноста и да воспостават отворени и разбирливи процеси меѓу граѓаните и институциите.

Фондација Метаморфозис активно соработува со Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, и во процесот на подготовка на Стратегијата за транспарентност, обезбедува експертска и финансиска помош.

Новата Стратегија за транспарентност на Владата со акциски план (2023-2026) има за цел да даде нови насоки и принципи за подобрување на транспарентноста на институциите, истовремено продолжувајќи ги позитивните практики на соработка и активна транспарентност воспоставени со претходната стратегија.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: