На 28 октомври 2022 година, во просториите на хотел Холидеј Ин, Фондација Метаморфозис одржа работилница за комуникации.

Работилницата беше наменета за претставници на организациите ХЕРА, Полио плус, Инклузива и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари. Присутните имаа прилика да се запознаат со основите на комуникациските стратегии, начини на користење на дигитален маркетинг во граѓански сектор, како и пренесување на важни пораки до засегнати страни.

Работилницата се одржа како дел од проектот ACTION SEE (Мрежа за одговорност, технологија и институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа). ACTION SEE е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, подигајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.

Мрежата е основана во 2014 година, а проектот финансиран од NDI „ACTION SEE“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени Србија (Србија), Центар за демократска транзиција (Црна Гора), Зошто не (Босна) и Отворени податоци Косово (ОДК).

Сподели: