Од 26-ти до 28-ми септември 2023 година, во Белград, Србија, се одржа средба на ACTION SEE мрежата.
ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.
На средбата се разговараше за идните планови на мрежата и досегашните активности во земјите на организациите членки.
Сподели: