На 19 и 20 септември 2022 година се одржа редовното годишно собрание на членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. На собранието се разговараше за идните акции и активности кои ќе се преземат, се разгледа и се усвои Стратешкиот план 2022 – 2025 година и се разговараше за моменталната состојба со ефикасноста, транспарентноста и интегритетот на државните институции.

Платформата за антикорупција е основана во Скопје, на 9 декември 2014 година од страна на 15 граѓански организации. Целта на Платформата е да биде активен придвижувач кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ги почитува, промовира и застапува принципите на доброто владеење и кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата.

Платформата, преку заеднички реакции, тежнее да биде коректив на состојбите, има за цел да ги следи и анализира правната рамка и актуелните јавни политики и активности за сузбивање на корупцијата, но и да иницира јавна дебата за квалитетот на законите и потребата за евентуални законски измени.

Платформата ги поврзува граѓанските организации и претставува отворено место за соработка, вмрежување и демократска дебата со цел зајакнување на улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата во Република Северна Македонија.

Сподели: