На 16 април 2021 година Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество, организираше финален координативен состанок за подобрување на транспарентноста и отворање на податоците на единиците на локалната самоуправа. На состанокот беа презентирани спроведените активности и финализираните документи кои беа изработени како резултат на поддршката која ја добија 17 општини.

Во изминатиот период Фондацијата Метаморфозис во соработка со локални граѓански организации и фасилитатори обезбеди директна поддршка на следниве 17 единици на локалната самоуправа за подобрување на транспарентноста и отвореноста во нивното работење: Кавадарци, Штип, Прилеп, Зрновци, Вевчани, Аеродром, Ѓорче Петров, Охрид, Липково, Куманово, Долнени, Тетово, Желино, Росоман, Струмица, Василево и Градот Скопје

Во текот на месеците март и април, секоја општина работеше на подготовка на отворени податочни сетови кои ќе бидат објавени на нивните веб-страни во наредниот период.

Спроведените активности придонесуваат кон напорите на општините да бидат поотворени кон граѓаните и транспарентноста да ја темелат на отворени податоци и информации.

Сподели: