За потребите на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“, поддржан од Министерството за Надворешни Работи на Кралството Холандија, број на договор: 4000005359, Фондација Метаморфозис објавува Отворен повик за доставување понуди за изработка на база на податоци.

  1. За проектот

Проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ е финансиран од Министерството за Надворешни Работи на Кралството Холандија, а го спроведува Фондација Метаморфозис во партнерство со 5 организации од Западен Балкан: Центар за меѓународни и безбедносни прашања – Фонд ISAC (Србија); Зошто да не? (Босна и Херцеговина); Центар за демократска транзиција (Црна Гора); Фактоје (Албанија) и Сбункер (Косово). Примарната цел на проектот е разоткривање на странското малигно влијание на Западен Балкан преку мапирање на протокот на дезинформации и пропаганда што потекнуваат од надворешни актери низ регионот. Дополнително, овој проект има за цел да ја зголеми свеста за ситуацијата и јавното знаење за дезинформациските екосистеми во Западен Балкан, преку обезбедување инфраструктура за рано предупредување. Повеќе информации за проектот се достапни на следниов ЛИНК.

  1. Предмет на набавка

Во рамки на овој повик, ќе се избере понудувач кој во периодот септември 2022 година – март 2025 година ќе биде одговорен за изработка, развивање и одржување на

  • 1 систем заснован на интерактивна релациона база на податоци за собирање знаења од областа на мониторинг на медиуми, како примарна алатка за следење на проток на дезинформации во регионот на Западен Балкан;
  • 1 јавен интерфејс преку кој ќе може да се пребаруваат податоците од базата, а чиј дел ќе бидат и различни типови автоматизирани пребарувања, однапред определени формати за извештаи според кои ќе може да се одредуваат трендови и генерираат статистички анализи за сите табели (со меѓусебно комбинирање на информациите, идентификување корелации итн.), како и визуелизации кои ќе овозможуваат следење на состојбите.

Опис на спецификации на предметот на набавка се дадени подолу, во „Општи спецификации на базата на податоци“ кој е составен дел од ова барање.

  1. Услови за пријавување

Право да се пријават на овој повик имаат правни лица кои нудат услуги од областа на креирање софтверски решенија и бази на податоци.

3.1 Правните лица треба да ги исполнат следните критериуми:

3.2.1 Лична состојба на понудувачот

  • Во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • На понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • Понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • Понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • На понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда (изјавата е дадена во прилог на оваа тендерска документација – Прилог 2).

Покрај изјавата, понудувачот заедно со понудата не мора да поднесе документи за докажување на личната состојба. Комисијата може да побара од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба за проверка на овие критериуми.

3.2.2.Техничка способност

Понудувачот треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Да располага со соодветни технички и човечки капацитети за навремено, целосно и квалитетно спроведување на активностите кои се предмет на набавката и
  • Да има претходно релевантно искуство во креирање софтверски решенија и бази на податоци (минимум 3 години искуство во конкретната дејност) и да достави портфолио со досега сработени проекти (линкови до решенија).
  1. Рок и начин за пријавување

Понудите можат да се доставуваат електронски, на е-маил адресата: nina@metamorphosis.org.mk и/или filip@metamorphosis.org.mk најдоцна до 30.08.2022 година, а насловот на пораката треба да биде „Понуда за база на податоци“. Сите документи треба да бидат доставени на македонски јазик или англиски јазик. Понудите кои ќе содржат непотполна или неуредна документација, не се на македонски јазик или англиски јазик, како и понудите кои ќе бидат доставени по рокот утврден во овој повик, нема да бидат земени предвид. Фондација Метаморфозис го задржува правото да ги контактира само избраните кандидати.

  1. Елементи на понудата

5.1 За да се пријават на повикот, правните лица треба да достават

  • Детално објанување на начинот на изведба и работниот процес
  • Ценовник
  1. Критериуми и начин на избор на најповолна понуда

Сите навремени, потполни и уредни пријави ќе бидат детално разгледани и оценувани според следните критериуми:

  • Квалитет на понудата – Претходно искуство во изработка на слични решенија – 50 поени и
  • Финансиска понуда – 50 поени.

Со кандидатот кој ќе добие најмногу поени по овие критериуми ќе биде склучен договор во кој подетално ќе се утврдат меѓусебните права и обврски.

  1. Појаснување на тендерската документација

Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на nina@metamorphosis.org.mk најдоцна до 22.08.2022 година (понеделник).

  1. Измена и дополнување на тендерската документација

Метаморфозис го задржува правото најдоцна 2 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ја објави измената и ќе ги извести потенцијалните понудувачи кои поднеле барање за појаснување.

Во случај на измена на тендерската документација, Метаморфозис може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање ако постојат оправдани причини за тоа и за тоа ќе направи соодветна објава.

  1. Начин и услови за плаќање

Плаќањето ќе се изврши во етапи, по доставувањето на секој од продуктите до Метаморфозис.

  1. Известување на понудувачите

До избраниот најповолен понудувач ќе се достави известување на адресата на е-пошта наведена во понудата.

Општи спецификации на базата на податоци

Техничкото решение треба да ги интегрира следните функции

  • Основна база на податоци за складирање резултати од следење на медиумите и новинарски истражувања – развој и поставување на односи меѓу ентитетите;
  • Веб интерфејс за внесување податоци од повеќе географски локации:
    • Рачно внесување записи од избрани овластени членови од тимовите на проектните партнери од шест земји од Западен Балкан и други.
    • Автоматски внес и конверзија на записи складирани во различни машински читливи формати (табели на ексел, други формати на бази на податоци) – што треба да се одреди и прилагоди во текот на проектот.
  • Веб интерфејс кој овозможува автоматска обработка на податоци (само приватен пристап од овластени корисници);
  • Веб-интерфејс кој овозможува претставување на податоците во различни формати:
    • Извештаи, табели и графикони врз основа на предодредени
      • прашања избрани од корисникот и
      • формати кои ги идентификуваат трендовите за периодични извештаи (месечни, квартални, годишни);
    • Известувања врз основа на автоматска обработка на зачуваните податоци, при внесување или промена на одредени записи, или во зависност од однапред одредени временски рамки (дневни, неделни итн.);
    • Визуелизации – што ќе се утврдат подоцна во соработка со избраниот давател на софтверски услуги.

 

 

Сподели: