Продолжуваме со активностите за поголема транспарентност и отвореност на единиците на локалната самоуправа.

17 единици на локалната самоуправа отворија над 100 податочни сетови како резултат на поддршката која ја обезбеди Фондацијата Метаморфозис.

Како дел од напорите за подобрување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, обезбеди директна поддршка на следниве 17 единици на локалната самоуправа: Кавадарци, Штип, Прилеп, Зрновци, Вевчани, Аеродром, Ѓорче Петров, Охрид, Липково, Куманово, Долнени, Тетово, Желино, Росоман, Струмица, Василево и Градот Скопје. Во текот на месеците март и април, секоја општина, во соработка со локални граѓански организации и фасилитатори, работеше на подготовка на отворени податочни сетови кои произлегуваат од нејзиното работење.

Отворените податочни сетови вклучуваат податоци кои се однесуваат на буџетите на општините, регистри на основни и средни училишта, членови на советите на општините, податоци за проектите во општините, јавните набавки, регистри на урбани и месни заедници, структурата на вработени, јавните претпријатија и установи и други.

На визуелизациите подолу погледнете ги резултатите од обезбедената поддршка на 17-те единици на локалната самоуправа за отворени податоци и подобрување на транспарентноста.

Сподели: