Мени

Oтворени Образовни Ресурси во секторската работна група за Образование, вработување и социјална политика

На 20 ноември, со почеток во 11.00 часот, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа консултација помеѓу државните институции и граѓанскиот сектор, на тема „Унапредување на структурниот дијалог помеѓу институциите и граѓанскиот сектор во процесот на пристапување кон ЕУ“. На истиот, претставници од Фондацијата Метаморфозис земаа учество во секторската група образование.

На овој настан беше потенцирана важноста на структурниот дијалог помеѓу институциите и граѓанските организации во процесот на пристапување кон ЕУ. Исто така, беше дадена можност на граѓанските организации да изразат интерес за приклучување кон постоечките секторски групи, како и дадат забелешки, коментари, и предлози за нивното функционирање.

Во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси (ООР), кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис, се спроведуваат работилници и презентации со наставници во повеќе основни училишта низ државата, преку кои наставниците се запознаваат со концептот на ООР, можноста самите започнат со нивно создавање, како и соодветно лиценцирање на своите трудови.

На настанот свои излагања имаа претставници од ФООМ, ЕВРОТИНК, Центарот за граѓански комуникации, Реактор – истражување во акција, како и претставници од државните институции.