Транспарентноста и отвореноста се суштински предуслови за ефективно владеење кое им служи на интересите на граѓаните. Покрај тоа што барањата за зголемена транспарентност се витална компонента на реформите што Северна Македонија и државите од Западен Балкан ги спроведуваат на нивниот пат кон Европската унија, тие примарно треба да целат кон градење на доверба на граѓаните во државниот систем и искоренување на корупцијата. Ниската институционална транспарентност поттикнува средина каде што корупцијата може да напредува со прикривање на коруптивни практики, намалување на одговорноста и нагризување на довербата на јавноста во институциите.

По повод меѓународниот ден за борба против корупција, Фондација за интернет и општество Метаморфозис организира настан “Преку институционална отвореност кон спречување на корупција – Индекс на отвореност” кој ќе се одржи на 7 декември во Холидеј Ин (сала Бисер) во Скопје од 10:00 – 11:30 часот.

На настанот ќе бидат промовирани најновите резултати од мониторирањето на институционалната отвореност на извршна и законодавна власт изведена преку Индексот на отвореност на национално и регионално ниво, преку што ќе се дискутираат добрите практики и горливите предизвици за потранспарентни институции во насока на зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата. Потврдени говорници во дискусијата се:

  • Славјанка Петровска, министерка, Министерство за одбрана
  • Пламенка Бојчева, директорка, Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка, Фондација за интернет и општество Метаморфозис
  • Константин Битраков, специјалист за спречување корупција, Правен факултет „Јустинијан први“ – Скопје

Настанот е дел од првиот „Отворен форум за антикорупција“ кој се организира во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“ и СЕЛДИ.

Сите заинтересирани за учество на настанот треба да се регистрираат на следниот линк: https://tinyurl.com/27sfc872

Забелешка: На настанот ќе бидат направени и фотографии кои ќе бидат споделени на веб-страниците и на социјалните мрежи на проектните партнери, а ќе бидат доставени и до донаторот за целите на проектно известување.

Настанот е дел од синергија помеѓу проектитите „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, и проектот “Користење на новите медиуми за промовирање на владината транспарентност” кој го спроведува Фондација Метаморфозис како дел од партнерскиот конзорциум ACTION SEE со финансиска поддршка од Националниот фонд за демократија.

Сподели: