Денес, во просториите на Агенцијата за заштита на лични податоци, беше потпишан договор помеѓу Фондација Метаморфозис и АЗЛП. Со овој договор се уредува пренос на едукативна веб-страница која ќе се развие во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Метаморфозис и Конект, а поддржан од Европската унија. Оваа веб-страница ќе содржи различни видови ресурси поврзани со заштита на личните податоци и ќе им нуди можности и на граѓаните, и на контролорите да го проверат и да го унапредат своето знаење на темата. По завршувањето на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, веб-страницата ќе биде преземена од Агенцијата за заштита на лични податоци.

Со склучувањето на овој договор, Фондацијата Метаморфозис и Агенцијата за заштита на личните податоци повторно ги афирмираат своите заложби за обезбедување заеднички придонес во промовирањето и унапредување на заштитата на личните податоци на граѓаните.

Сподели: