За потребите на проектот “Општествено претпријатие –Проект за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП)” финансиран од Европската унија во рамки на програмата за прекугранична соработка (ИПА II 2014-2015), врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2017/390-054, комисијата за набавки при Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Центарот за Развој на Полошки Планински Регион – Тетово и Советот на Округот Елбасан, објавува повик за доставување на понуди за набавка на услуги за изработка на софтверско решение за интер-регионална он-лајн платформа за туризам.

Понудите се доставуваат во хартиена форма по курирска служба или лично до канцелариите на Фондацијата Метаморфозис на ул.Апостол Гусларот 40, Скопје. Во понудата потребно е финансиската понуда да биде издвоена во посебен плик и да биде означена. Понудата се доставува во еден затворен плик со назнака “ЗА ПРОЕКТ СТЕП” (во кој ќе биде содржана издвоената финансиска понуда) на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и бројот на повикот 11/2019 на кој се однесува понудата.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Краен рок за доставување на понудите е понеделник, 14.10.2019 година до 16:00 часот.

Целокупното тендерско досие со повеќе детали за повикот може да го преземете во прикачените документи.

Сподели: