За потребите на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, финансиран од Европската унија и спроведуван од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, објавуваме повик за доставување понуди за набавка и печатење на промотивни материјали и дизајн, прелом и печатење публикации. Право да се пријават на овој повик имаат правни лица кои нудат услуги од областа на дизајн и печатење промотивни материјали и публикации. Кандидатот што ќе се избере во рамки на овој повик ќе биде одговорен за:
- Прелом, дизајн и печатење на публикации и
- Печатење промотивни материјали (пенкала, торбички, нотеси и папки).
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Прилог 1 – Образец за финансиска понуда
Краен рок за доставување на понудата е понеделник, 09.10.2023 година. Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до петок, 06.10.2023.
Image by tookapic from Pixabay
Сподели: