Во рамките на проектот „Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција“, поддржан од ABA ROLI, а спроведуван од Фондација Метаморфозис, објавуваме повик за доставување понуди за спроведување истражување, развивање етички стандарди и планирање и спроведување обуки на тема нови технологии и човекови права.

Во рамките на овој повик, Метаморфозис ќе избере експерт или тим од најмногу тројца членови кои ќе бидат одговорни за:

  • Спроведување истражување за ефектот на новите технологии, со особен фокус на вештачката интелигенција, врз човековите права;
  • Развивање етички стандарди за заштита на човековите права при креирањето политики што го уредуваат автоматското донесување одлуки и
  • Планирање и спроведување три еднодневни обуки за претставници на граѓански организации на теми од областа на влијанието на новите технологии, со особен фокус на вештачката интелигенција, врз човековите права.

Целосниот повик, заедно со сите детали околу ангажманот, условите и начинот на пријавување, можете да го најдете во продолжение:Повик за доставување понуди за спроведување истражување, развивање етички стандарди и планирање и спроведување обуки на тема нови технологии и човекови права

Формуларот за финансиска понуда можете да го најдете на овој линк: Формулар за финансиска понуда

Доколку имате било какво прашање околу повикот, ве молиме обратете се на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до 29.08.2023 година. Крајниот рок за доставување на понудите е 03.09.2023 година.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Сподели: