Фондацијата Метаморфозис беше меѓу првите што ги промовираше човековите права онлајн – помагајќи им на заедниците да се соочат со огромните промени кои произлегуваат од зголеменото влијание на новите технологии и се закануваат со злоупотреба на личните податоци.

Метаморфозис се обврзува преку својата програма Човекови права онлајн за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на животот преку иновативна примена и ширење на знаењето и ја поддржува употребата на нови технологии за создавање нови простори што овозможуваат јавна дебата и размена на објективни информации, заедно со напорите за зголемување на дигиталната писменост и заштитата на личните податоци. Метаморфозис придонесе за развојот на Законот за заштита на личните податоци и е посветен на следење на неговата имплементација, како и обезбедување поддршка на институциите и на пошироката јавност во обезбедувањето целосна заштита на приватноста, како основно право.

  1. Цел

Со цел да се поттикне спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци при дизајнирање и користење на дигитални услуги, со цел тие да се направат побезбедни и подостапни за сите граѓани, особено за членовите на маргинализираните групи погодени од дигиталните поделби, во рамките на на програмата Човекови права онлајн, Фондацијата Метаморфозис отвора повик за ангажман на експерт за заштита на лични податоци.

  1. Задачи, одговорности и временска рамка

Експертот за заштита на лични податоци ќе биде ангажиран за поддршка на целта на програмата опишана погоре. Задачите и одговорностите на експертот се поделени во 3 компоненти:

1) Истражување

Во рамките на оваа компонента, експертот се очекува да ги заврши следните активности:

  • Мапирање на дигитални услуги обезбедени од владини институции и владини служби кои моментално се дигитализираат и/или се очекува да бидат дигитализирани до јуни 2022 година;
  • Развивање методологија за проценка на усогласеноста на обезбедувањето дигитални услуги од страна на владините институции во Северна Македонија со Законот за заштита на личните податоци.
  • Проценка на усогласеноста на дигиталните услуги што ги обезбедуваат владините институции во Северна Македонија со Законот за заштита на личните податоци и избор на збир на услуги кои ќе бидат поддржани во процесот на развивање на Проценка на влијанието врз приватноста.

Компонентата „Истражување“ се очекува да започне што е можно поскоро и да биде завршена до крајот на јануари 2022 година.

 

2) Обуки

Во рамките на оваа компонента, експертот се очекува да ги заврши следните активности:

  • Планирање и спроведување на 2-дневна обука за службеници за заштита на податоци за предизвиците на ИКТ, вештачката интелигенција и управувањето со ризик во однос на заштитата на приватноста;
  • Планирање и спроведување на 2-дневна обука за претставници на ГО и новинари за предизвиците и ризиците поврзани со заштитата на приватноста и вештачката интелигенција.

Обуките се очекува да бидат одржани до февруари 2022 година.

 

3) Менторство

Во рамките на оваа компонента, експертот се очекува да ја заврши следната активност:

  • Обезбедување приспособена менторска поддршка на 5-10 владини институции во развојот на политиките и процедурите за приватност и спроведувањето на проценките на влијанието врз приватноста.

Менторската поддршка треба да се обезбеди помеѓу февруари и април 2022 година.

Експертот тесно ќе соработува со тимот на Метаморфозис. Фондацијата Метаморфозис ќе го поддржи експертот со сите расположливи ресурси и контакти за време на временската рамка на ангажманот.

  1. Квалификации

Се очекува експертот да ги исполнува следниве критериуми:

  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областа на заштитата на личните податоци;
  • Најмалку 1 година искуство како обучувач;
  • Одлични аналитички вештини.

 

  1. Аплицирање и временска рамка

Сите заинтересирани треба да достават своја професионална биографија (CV) во која ќе бидат прикажани нивното претходно искуство, вештини и квалификации, како и временска рамка за планираните активности и финансиска понуда на vesna@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 12 декември 2021 година. Експертите може да се пријави поединечно или во тим од најмногу 4 члена. Ако станува збор за вториот случај, тимот треба да назначи лидер на тимот кој ќе ги достави (а) професионалните резимеа на сите членови на тимот, (б) обемот на работа за секој член на тимот, (в) временската рамка на планираните активности и (г) финансиската понуда и начинот на кој надоместокот треба да се префрли на соодветните членови на тимот.

Финансиската понуда не смее да го надмине бруто износот од 5.500 американски долари.

Експертот/тимот на експерти ќе биде ангажиран 22 работни дена помеѓу декември 2021 и април 2022 година. Кандидатите од потесниот список може да бидат контактирани за дополнителни информации релевантни за овој повик. По завршувањето на постапката за селекција, сите апликанти ќе бидат информирани за статусот на нивната апликација.

  1. Критериуми за избор

Оценувањето на пријавите ќе се врши на следниов начин со собирање до 100 поени вкупно:

Стручност и експертиза за обука (65 поени)

– CV оценето за предметна стручност (45 поени) и искуство во обука (20 поени)

Финансиска понуда (35 поени)

– финансиска понуда која ги оценува најниските цени како најповолни за оваа категорија (35)

 

  1. Очекувани резултати

Од експертот се очекува да ги испорача следните резултати:

1) Компонента за истражување

  • Извештај за мапирање на дигитални услуги обезбедени од владини институции и владини служби кои моментално се дигитализираат и/или се очекува да бидат дигитализирани до јуни 2022 година;
  • Методологија за оценување на усогласеноста на обезбедувањето дигитални услуги од страна на владините институции во Северна Македонија со Законот за заштита на лични податоци и
  • Проценка на усогласеноста на дигиталните услуги што ги обезбедуваат владините институции во Северна Македонија со Законот за заштита на лични податоци.

2) Компонента за обуки

  • Извештај за обуката на службениците за заштита на податоци за предизвиците на ИКТ, вештачката интелигенција и управувањето со ризикот во однос на заштитата на приватноста;
  • Извештај за обуката за претставниците на ГО и новинарите за предизвиците и ризиците поврзани со заштитата на приватноста и вештачката интелигенција;
  • Необработени податоци и извештај (интегриран во финалниот извештај за компонентата) како и пост-проценка на обуките.

3)Компонента за менторство

  • Извештај за обезбедената менторска поддршка на владините институции во развојот на политиките и процедурите за приватност и спроведувањето на проценките на влијанието врз приватноста.

 

Сподели: