На 01.11.2019, во основното училиштеКирил и Методијво с.Кучевиште се одржа презентација и работилница во рамките на проектот Отворени Образовни Ресурси, кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Ова е втора ваква работилница реализирана во рамки на проектот, преку кој наставниот кадар се запознава со концептите на ООР, нивната корисност и примери каде истите редовно се користат во наставата. Во рамките на работилницата, обучувачите ги запознаа присутните со начините и алатките со кои може да создаваат отворени образовни ресурси, како и истите да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци

 

Работилницата беше од интерактивен карактер и сите присутни имаа можност да ги заштитат нивните образовни ресурси, како и да се обучат да создадат нови, кои се соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс лиценците. Посебен осврт беше даден на создавање на Отворени Образовни Ресурси на јазиците на малцинските заедници.

 

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Сподели: