Како што Европската унија влегува во последната фаза од преговорите за Законот за вештачка интелигенција, граѓанското општество е загрижено за голем пропуст во процесот на класификација на системите на вештачка интелигенција со висок ризик за чие воведување лобираа големите технолошки гиганти. На иницијатива на Европската иницијатива за дигитални права (EDRI), повеќе од 100 граѓански организации од Европа, вклучително и Фондација Метаморфозис, ги повикуваат европратениците да застанат против технолошко-индустриското лоби и да ги поништат овие промени за да ја вратат оригиналната формулација на Комисијата во член 6 од Законот за вештачка интелигенција.

Image by LEANDRO AGUILAR from Pixabay

Ова е единствениот начин да се осигура дека правата на луѓето погодени од системите за вештачка интелигенција се приоритетни и дека процесот развој на вештачката интелигенција е одговорен и транспарентен. Промените во Законот за вештачка интелигенција ќе им овозможат на оние кои развиваат системи за вештачка интелигенција сами да одлучат дали веруваат дека нивниот систем е „високоризичен“. Дозволувањето на компаниите да одлучуваат за класификацијата на ризикот на нивните системи за вештачка интелигенција ја поткопува заштитата на човековите права што ја овозможува законодавството – компаниите, мотивирани од профит, можат да ги потценат ризиците што ги носи нивниот систем. Овие измени на членот 6 мора да се отфрлат и мора да се врати првобитниот процес на класификација на ризик на Европската комисија. Мора да постои објективен, кохерентен и законски одреден процес за да се утврди кои системи за вештачка интелигенција се „високоризични“ во Законот за вештачка интелигенција.

Целата реакција може да се најде на:

Англиски јазик, македонски јазик и албански јазик.

Сподели: