Како се идентификуваат, добиваат, чистат и анализираат податоци, а потоа и како се презентираат резултатите од анализата на податоците. Ова е целосниот процес на работа со податоци што беше тема на двнодневната обука во рамки на проектот Д.А.Т.А. – Анализа на податоци за транспарентност и отчетност (D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability) која се одржа во ГЕМ клубот во Скопје на 21 и 22 јуни.
Покрај пренесување теоретски знаења, десетмината учесници, претставници на граѓанскиот сектор во Македонија, активно учествуваа на дводневната обука која вклучуваше и практична работа, односно секоја од групите идентификуваше, анализираше и презентираше податоци на одредена тема која е поврзана со отчетност и транспарентност.
Целта на проектот Д.А.Т.А. е да се влијае врз начинот на кој новинарите и граѓанските здруженија работат со податоци, односно преку новинарство базирано на податоци да се обезбеди целосно почитување на професионалните и етички стандарди, но и да се создаде додадена вредност преку иновативен начин на презентација на резултатите од анализата на податоците.
Проектот D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability беше еден од трите проекти грантирани преку PeaceTech Exchange: Macedonia, настан кој се одржа на 13 и 14 декември 2017 година во Скопје. Станува збор за работилница за менторство организирана од страна на PeaceTech Lab и Democracy Lab.
Проектот е делумно поддржан и од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владaта на САД.
Сподели: