На 12 и 13 мај, во Мултимедијалниот центар за настава на Францускиот институт во Скопје, се одржа подготвителната работилница за второто издание на натпреварот ‘Слободата на говор во мини видео‘. Работилницата ја посетија 8 учесници.
На работилницата учесниците имаа можност да добијат совети за основите на снимањето на кратко видео кои потоа ги искористија во креирањето на сопствени кратки видеа. Користејќи ја алатката Windows Movie Maker видеата потоа беа едитирани и подготвени за прикажување. Покрај практичниот дел, на работилницата имаше и дискусија за слободата на изразување и значењето на истата во демократските општества.
Г-а Анук Ледерле, независен културен менаџер, Дона Џамбаска и Филип Нешкоски од Метаморфозис ја водеа работилницата каде како гостин беше и минатогодишниот победник на натпреварот за кратко видео кој го пренесе искуството од неговата посета на филмскиот фестивалот Off-Court во Трувил.
Оваа подготвителна работилница беше во рамките на 9-тиот Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.
Повеќе фотографии од обуката се достапни на страницата на Фејсбук на Францускиот институт во Скопје.
Сподели: