На 20 и 21 мај од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје, се одржа работилница на тема „моето прво мини-видео“. Работилницата во организација на Францускиот институт во Скопје, фондацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија ја посетија 9 учесници.

На работилницата учесниците имаа можност да направат мини-видео со помош на нивниот мобилен телефон, да изработат мини сценарио и да добијат технички совети околу реализацијата на мини-видеа со мобилен телефон.

DSCN5206

Оваа работилница е организирана во рамките на 8-то издание на Фестивалот на француски филм@fff.mk, а учесниците на истата имаат можност да учествуваат на натпреварот за избор на мини видео во рамките на фестивалот.

DSCN5248

Повеќе фотографии од обуката се достапни на страницата на Фејсбук на Францускиот институт во Скопје.

Сподели: